1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промената на климата им се заканува на милијарди луѓе

7 април 2007

Проомената на климата ги загрозува животните услови на милијарди луѓе, предупредува вториот дел од извештајот за клима на ОН.

https://p.dw.com/p/Abxx
Пустината - порано во Северна Африка наскоро во Средна Европа?
Пустината - порано во Северна Африка наскоро во Средна Европа?Фотографија: dpa

По повеќедневни дебати и поединечни формулации, Советот за клима на ОН се спогоди за извештај, според кој поради глобалното затоплување, им се заканува исчезнување на околу 30 проценти животински и растителни видови. Зголемувањето на температурата ќе ги промени животните услови на луѓето, а од поплави и долги суши најмногу ќе бидата погодени сиромашните земји се вели во предупредувањето на ОН. Се претпоставува дека само во Африка до 2020 година, 250 милиони луѓе ќе останат без вода.

Преговорите на делегатите од 130 земји, за одделни пасажи траеа до последна минута, пред се САД, Кина и Саудиска Арабија се залагаа да се изменат некои делови од текстот на извештајот.

Некои научници критикуваа дека извештајот е ублажен поради политичкото влијание, тие се спротивставија на промените и најавија дека не сакаат да работата на други извештаи за климата. Анете Менцел, еко климатолог на техничкиот универзитет во Минхен истакнува „Како научник, анализирав заедно со колегите стотици илијади серии податоци за овој извештај, читав литература, барав и составував и инвестирав многу работа. Дотолку повеќе за мене е изнанедувачки што излезе на крајот.” вели Менцел

А државниот секретар на гераманското министерсво за живтотна средина Михаел Милер, за одност на политиката и науката на средбата во Брисел и последиците од затоплувањето на земјата смета „Има некои земји, кои се воздржани и блокираат. Мислам дека делумно е и безсрамно како се постапуваше со одредени научници.” смета Милер.

Извештајот на Советот за климата е мноу јасен сигнал до сите влади рече шефот на секретаријатот за клима при ОН, а германската канцарлака Ангела Меркел смета дека извештајот потврдува оти промнетата на климата е факт поради што е потребно брзо да се делува, за да се ограничи зголемувањето на температурата во целиот свет – изјави Меркел за весникот Зиддојче Цајтунг.