1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промени на пазарот за работа

1 август 2005

Бројот вработени во Германија меѓу 1991 и 2004 година е скоро непроменет: 39 милиони. Меѓутоа, 11 милиони од нив работат со делумно време, двојно повеќе од пред 14 години. Меѓу нив 4 милиони и 250 илјади не се социјално осигурани, што значи дека во касите на социјалните осигурувања влегуваат помалку пари. Но, тоа исто така значи дека низ ваквите работни односи работадавачите можат во време на поголемо производство или

https://p.dw.com/p/AeOL

при проблеми да бида пофлексибилни и да реагираат и да спречат префрлување на работните места во земји со пониски плати. Ова произлегува од едно истражување на Сојузната банка:

Досега во Германија важеше неограниченото вработување со целосно работно време, занчи 8 часа дневно, како нормален традиционален работен оснос. Меѓутоа, од пред една деценија тоа е многу променето. Невработеноста стагнира на високо ниво, па во Германија е тешко да се најде цврсто работно место. Трендот е во насока на вработување на време кон што се вбројува и работење на поделено време, таканаречените мини-џобови до 400 евра месечно, или ограничени договори, како и самостојната работа.

Од почетокот на 90-сеттите години Сојузната банка ги посматра промените на германскиот пазар за работа кои, како што вели Ханс Георг Велс, има решавачки последици врз целата економија. Првите тешкотии се покажуваат во финансирањето на социјалните системи. Од друга страна фелскибилните работни состојби спречија токму во индустријата уште повеќе работни места да бидат префрлени во странство:

„Во подрачјето на индустриското производство тоа одигра улога. Се аргументира дека производните шпицеви се подобро покирени со времено вработување, а од друга страна е тешко целосно вработување зашто за таквите тогаш нема доволно работа„.

Од 1991 до 2004 година брјот целосно вработени во Германија се намали за една петина: од околу 30 милиони на сегашните 24 милиони. Во исто време бројот на вработените на поделено време порасна скоро двојно: на 11 милиони. Работата на поделено време во Германија традиционално е домен на жените. На тој начин подобро се поврзуваат работата и семејството. Сегашните работни места се појавуваат главно во услужните дејности, зашто индустриското производство се одвива се повеќе со машини, место со луѓе. Ханс Георг Велс од сојузната банка вели:

„Пример за тоа се услужните дејности во целата трговија на мало каде што продолжувањето на отворањето на продавниците водеше кон потреба да не се работи цели 8 часа, туку само неколку. Слично е и кај рестораните каде што е потребна повеќе работна сила само навечер или во пладневните часови. Оваа краткорочна потреба може да биде покриена со поделено работно време или со помало вработување„.

Според проценките на сојузната банка, во моментов повеќе од 4,7 милиони вработени имаат таканаречени мини-работи до 400 евра, за кои работодавачат не мора да плаќа никакви давачки. Но, на тој начин невработеноста одвај може да се намали, вели Велс:

„Се покажа дека многу луѓе кои најдоа работа на тоа подрачје не се од редот на невработените, туку повеќе или помалку доаѓаат од таканаречените мирни резерви. Тоа е пехот на целата работа„.

Патем, Германија не е единствената што се соочува со промени на пазарот за работа. Во Јапонија на пример, постојаните вработувања се заменети со поделба на работното време, но јапонските фирми тоа го прават поагилно. На пазарот за работа, меѓутоа, расте бројот млади што бараат работа чии шанси за стабилно цврсто вработување се се помали.