1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проневерени пари за жртвите од Холокаустот

11 ноември 2010

Откриена е голема проневера на пари од Германија за отштета на жртвите од Холокаустот. Оваа чувствителна историска тема предизвика бурни реакции во САД. Откриени се илјадници фалсификувани документи со лажни изјави.

https://p.dw.com/p/Q5Qx
Во „Јудиш клејмс конференс“ се украдени над 30 милиони евра

Државниот правобранител Барара е огорчен што и во реномираната организација „Јудиш клејмс конференс“ се украдени над 30 милиони евра. Тој вели дека вработените биле корумпирани и дека постоела цела измамничка мрежа:

„Биле избирани некои од барателите, пред се‘ од руско-еврејските доселеници, им биле барани нивните документи, изводи од книгата на родените и пасошите. За возврат им ветувале пари од фондовите за жртвите од војната.“

Случајот ќе биде расветлен

US-Staatsanwalt Preet Bharara
Американскиот државен правобранител Прет БарараФотографија: AP

Обвинетите, вработени во Фондацијата, исто така профитирале. На тој начин биле фалсификувани речиси 5.000 барања. Најголем дел од проневерените пари се германски. Тие биле наменети за преживеаните од Холокаустот. За таа цел во 1951 година била формирана институцијата „Клејм конференс“. Заменик претседателот на институцијата, Грег Шнајдер исто така е вџашен:

„Тоа е грозно. Дегутантно е некој да краде и тоа во овој случај... Не толерираме измама, без разлика колкав е износот. Ја откривме измамата, собравме документација и пријавивме во ФБИ. Ќе го расветлиме случајот до крај.“

Автор: Грејс Пениц / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска