1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Простување од Ибрахим Ругова

26 јануари 2006

Во овие моменти, на гробиштата на паднатите борци на Ослободителната војска на Косово во приштинската населба Веланија, почнува погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова.

https://p.dw.com/p/Ac9U
Ибрахим Ругова
Ибрахим РуговаФотографија: dpa

По барање на семејството церемонијата се одвива без верски обреди. Илјадници граѓани, како и над 40 државни делегации од целиот свет дојдоа во Косово да се простат од човекот што многумина го нарекуваа Ганди на Балканот.

Многу тажни лица можеа да се видат на посмртната поворка на претседателот Ибрахим Ругова, која во Приштина почна да се движи уште од 8 часот утрината и на која дојдоа околу 100 илјади граѓани од сите краеви на Косово..

На косовскиот претседател, чие тело беше изложено во приштинската спортска сала, први почит му оддадоа членовите на Косовскиот Заштитен Корпус, потоа семејството, претставниците на косовските институции како и членовите на Демократскиот Сојуз на Косово, партијата на чие чело тој беше од нејзиното основање.

Заврши и последната комеморација, на која, воочи погребот за животот и делото на Ругова прв зборуваше шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен.

,, Тој беше посветен на неговото црвсто уверување за брзиот развој на Косово и неговата европска инбтеграција. Тој беше едмноставно таткото на Косово, рече Петерсен кој својоот говор го заврши на албански- со последен поздрав до Ругова.

Косовскиот премиер Бајрам Косуми потсети на она што Ругова, во текот на својот живот, го направил за Косово.

,, Се пртостуваме од др. Ругова. Денеска со респект се навраќаме на на важноста на неговиот живот и работа за Косово. Се простуваме од човекот што напорно работеше на косовската автономија,, рече Косуми. Сочуство до семејството на Ругова и на косовскиот народ изрази и високиот европски претставник Хавиер Солана, кој рече дека со косовкиот претседател поделил многу тешки моменти..

,,Го сметам за мој приојател.. Тој целиот свој живот им го посвети на граѓаните на Косово“, рече Солана на завршната комеморација.

На последното испраќање на претседателот на Косово Ибрахим Ругова, во Приштина дојдоа околу 40 делегации на држави и претставници на меѓународни организации. Во име на Германија, на погребот присуствува шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер. Пристигнаа и државници и високи претставници на влади од речиси сите земји од регионот. Српскиот претседател Борис Тадиќ, кој изрази желба и побара дозвола од УНМИК да присуствува на погребот, сепак да дојде во Приштина. Тој синоќа изјави дека го уважува ставот на семејството на Ругова за кое неговото доаѓање на погребот е неприфатливо. Македонија на погребот ја претставува шефот на државата Бранко Црвенковски , а присуствуваат и шефицата на дипломатијата Илинка Митрева како и лидерите на албанскиот политички блок во земјата.