1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестен марш на здружението „Достоинство“

Горан Петрески 7 март 2009

Македонските професионални војници одржаа протест пред Собранието и Владата во Скопје, за да го искажат револтот од незаинтересираноста на државата за нивниот статус. Учесниците отфрлија политичка заднина на протестот.

https://p.dw.com/p/H7WP
Протести пред СобраниетоФотографија: picture-alliance/ dpa

Со војнички марш повеќе од илјада војници од сите армиски единици денеска протестираа пред Владата и Собранието во Македонија. Протестот се одвиваше по војнички правила. Војниците гледаа напред, со црни капи на главите, слика како од воен филм. Нивниот револт е голем. Сметаат дека државата кренала раце од нив.

Crvenkovski Irak_3.jpg
Македонски војници во мировна мисија во Ирак (архива)Фотографија: DW/MIA

40 годишниот војник Мане Марков останал без работа кога наполнил 38 години. Таков е законот, а тој бидејќи е професионален војник не знае да работи ништо друго. Неговата судбина ја делат уште 4.000 војници. Војниците предупредуваат дека истато ги очекува и мировниците кои во име на државата служат во мисиите во Ирак и Авганистан.

Војниците бараат да се избрише горната старосна граница во законот за служба во АРМ и професионалните војници да останат на работа се’ додека не ги исполнат условите за пензионирање. Ако тоа не е можно, војниците да се прераспределат во полиција, во судската полиција или други буџетски установи.

Војниците кои денеска протестираа исклучуваат политичка заднина на протестот, што се одржува во екот на изборната кампања. Организаторите, здружението на професионални војници „Достоинство“, ги повикаа војниците да гласаат по сопствено убедување.