1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести-АСЕМ и Г8

29 мај 2007

Делумно насилните протести на самитот на ЕУ и 16 земји од Азија денеска и вчера во Хамбург се сметаат за генерална проба за одмерувањето на силите меѓу полицијата и противниците на глобализацијата спроти самитот на Групата Г8.

https://p.dw.com/p/AnyE
Фотографија: AP

Полициски извори тврдат дека меѓу насилните демонстрани има и растечки број лица од странство, како од Италија, Шпанија, Скандинавските земји и од Источна Европа. Против нив полициските сили применуваат остри мерки, меѓу кои спаѓаат и притеснување од сите страни, водени топови, како и масовни апсења. Тоа наидува на критика од страна на невладините организации кои ги организираат протестите, како на пример меѓународната организација АТАК. Нејзин претставник денеска оцени дека полицијата со агресивните мерки придонесува за радикализирање на ситуацијата, наместо за нејзина деескалација. Во таквите акции конечно страдаат и оние кои сакаат мирно да протестираат. Претседателот на германската партија на Зелените, Клаудија Рот, денеска порача дека мирните демонстранти и насилните поединци не смеат да бидат изложени на еднаков третман од полицијата.