1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Приштина

ЕМФ/бета27 мај 2013

Повеќе илјади луѓе денеска (27.05) во Приштина протестираа поради апсењето на шестмина поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово. Најавени се натамошни протести.

https://p.dw.com/p/18eml
Фотографија: AP

Осомничените бивши команданти на ОВК се товарат за злоставување цивили во притворски центар на ОВК, а против едно лице е покрената истрага за убиство на еден цивил. Меѓу осомничените се и амбасадорот на Косово во Албанија Суљејман Сељими, пратеникот во косовскиот парламент Фадиљ Демаку и претседателот на општина Србица Сами Љуштаку.

Демонстрантите во Приштина денеска носеа слики на осомничените и извикуваа пароли против мисијата Еулекс, која го води процесот. Некогашниот политички претставник на ОВК Адем Демачи, кој зборуваше на протестот, рече дека од Еулекс се очекувало да помогне во решавање на злосторствата коишто ги извршиле луѓе од Србија. „Но не очекувавме ослободителите да ги претворат во воени злосторници“, рече Демачи и го повика Еулекс да внимава кого го прогласува за криминалец.