1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Русија

Кристина Нагел31 јануари 2009

Бран протести ја зафати Русија. Демонстрантите се незадоволни со економската политика на владата. На против манифестациите приврзаниците на Кремљ ги славеа достигнувањата на владата. Повеќе лица се приведени.

https://p.dw.com/p/GkgR
Големо присуство на полицијатаФотографија: AP

Повеќе десетици илјади демонстранти денеска во цела Русија излегоа на улични протести. Едните го славеа добриот кризен менаџмент на владата, другите протестираат поради економската криза и бараа оставка на премиерот, Владимир Путин.

Руската телевизија, главно известуваше за масовните манифестации на владејачката партија „Единствена Русија“. Критички настроените медиуми известуваат и за протестите на опозицијата во целата земја. Комунистите, борците за човекови права и приврзаниците на опозициониот сојуз „Друга Русија“ ја критикуваа владината политика. Многумина се незадоволни со растечките цени и зголемените животни трошоци, рубљата веќе со недели ја губи вредноста, а невработеноста во земјата расте.

За време на демонстрациите, полицијата беше видно присутна. Повеќе од 5.000 полицајци во Москва се обидоа да ги спречат протестите кои претходно не беа одобрени. Повеќе демонстранти се уапсени, меѓу другите и основачот на забранетата Национална болшевистичка партија, Едвард Лимонов.