1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Турција

20 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag22

Во Турција и денеска илјадници луѓе демонстрираа против можната исламизација на земјата. Во црноморскиот град Самсун демонстрантите бараа задржување на поделбата меѓу државата и религијата. Во минатите недели слични демонстрации беа одржани во Анкара, Истанбул и Измир. Кон крајот на јули во Турција ќе се одржат нови паралментарни избори. Според анкетите, конзервативната АКП партија на премиерот Реџеп Таип Ердоан може да смета на јасно зголемување на бројот гласови.