Протести во Унгарија поради спорниот нов устав
2 јануари 2012Опозицијата во Унгарија предупреди дека со вчерашното стапување во сила на новиот устав на државата можеби непоправливо се урива демократијата во земјата. Во таа насока, денеска во земјата ќе бидат одржани протести против новиот устав.
„Тоа е еднопартиски, нелегитимен устав кој за сите демократи е неприфатлив“, изјави Чаба Молнар, портпарол на опозициската Демократска коалиција. Тој ги обвини во владата на премиерот Виктор Орбан за „укинување на демократијата и владеењето на законите“.
Контроверзниот устав усвоен во април 2011-та
Според новиот устав, државата повеќе нема да се вика Република Унгарија, туку само Унгарија. Во текстот се споменува Бог, бракот се дефинира како заедница меѓу мажи жена и се вели дека животот почнува со зачнувањето. Критики се упатени поради ограничување на овластувањата на судовите, се загрозува медиумскиот плурализам и се укинува независноста на судството. Ќе биде ограничена и независноста на централната банка.
Уставот е усвоен во април минатата година со двотретинско мнозинство кое го поседува партијата на премиерот Виктор Орбан- Фидес во парламентот. Владата денеска во зградата на операта треба да го прослави стапувањето во сила на новиот устав на 1-ви јануари 2012-та година.
Автор:СН/ЕМФ/миа/ртр
Редактор: Жана Ацеска