1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести и судири на Сардинија поради сметот од Неапол

12 јануари 2008

*

https://p.dw.com/p/Col7

Товарите смет од Неапол кон Сардинија предизвикаа насилнички протести на жителите на тој италијански средоземен остров. Во Калјари во текот на измината ноќ дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Протестите започнаа уште кон средината на неделата откако на островот доплови првиот брод со 1500 тони смет од Неапол. Тој град се гуши од натрупаниот смет по улиците, бидејќи поради преполнетите депонии не беше собиран речиси три недели.