1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести против посетата на папата на Турција

26 ноември 2006

Два дена пред посетата на папата Бенедикт 16 на Турција,неговата програма сеуште не е дефинитивна.Сеуште не е исклучено тој накратко да се сретне сепак со турскиот премиер Ердоган.

https://p.dw.com/p/Advb
Папата Бенедикт 16
Папата Бенедикт 16Фотографија: AP

На денот на пристигнувањето на папата во Анкара Ердоган патува на самитот на НАТО во Рига.Турскиот премиер се обрати по повод протестите на националистилките и исламистички кругови,кои посетата на папата ја означија за непожелна.Ние не го одобруваме овој став,кој го застапуваат некои маргинални групи,изјави Ердоган.

За денеска исламистичката Саадет партија во Истанбул планира големи протести против посетата на папата.

Претседателот на ова партија,екс премиерот Неџметин Ербакан очкеува околу еден милион учесници.Дали навистина ќе бидат толку,постои сомневање,но сепак може да се смета на шестцифрена бројка демонстранти.Зашто,треба да се појде од тоа,дека за да ја покаже својата сила Ербакан ќе мобилизира колку што е можно поголем број луѓе и нив делумно со автобуси ќе ги донесе од Анадолија во Истанбул.

Првобитно манифестацијата го имаше мотото Не за папата аналфабет кој има задни намери.Но,оваа навредлива формулација беше забранета од страна на турските власти.На плакатите,со кои исламистите поввикуваат на протести,се наоѓа фотомонтажа.На неа е претставен половина папата,а другата половина ѓаволот.На неа стојат два збора:со какво лице?

Протести против посетата на папата имаше и во четвртокот.Околу стотина приврзеници на малатадесноориентирана Партија за големо единство навлегоа во поранешна црква а подоцна џамија Света Софија,која денеска претставува музеј и таму започнаа со скандирање пароли со непријателска содржина кон папата.Полицијата употреби солзавец и уапси 40 лица,против 25 од нив според изџвештаите во весниците ќе биде покрената постапка.

За да се обезбеди безбедноста на папата,Турција воведе сеопфатно регулирање на сообраќајот.Уште при пристигнувањето на авионот на папата во турскиот воздушен простор,него ќе го придружуваат воени авиони до самото слетување во Анкара.Во главниот град за сигурноста на поглаварот на римокатоличката црква ќе се грижат 3 илјади полицајци,во Истанбул пак дури 9 илјади.Освен тоа ќе биде организирана зајакната безбедност и поставени снајперисти на покривите по должината на рутата на папата,која тој ќе ја помине во блиндираниот папамобил.