1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести против цензурата и кршењето на човековите права во Кина

9 август 2008

Членовите на Организацијата за човекови права „Репортери без граници“ истовремено со отворањето на Олимпијадата во Пекинг протестираа пред кинеските амбасади во Берлин, Брисел, Лондон, Париз, Вашингтон и други градови

https://p.dw.com/p/EtSW
Тибетански монаси протестираат во ИндијаФотографија: AP

„Вестите и интернетот се цензурирани. Странските новинари немаат никаква можност да се движат слободно и непречено. А тоа Кина го вети пред почетокот на Олимпискте игри, владата вети дека ќе ја подобри ситуацијата со човековите права“, вели Катрин Еверс од „Репортери без граници“.

Организацијата бара од кинеската влада да ослободи околу 80 притворени новинари. Критиката меѓутоа е насочена и кон Меѓународниот олимписки комитет, кој не врши доволен притисок врз кинеската влада за да ги одржи ветувањата за слободата на печатот:

„МОК дури одби било какво вмешување. Од наш аспект, тотална бесмислица, зашто Олимписката повелба вели дека игрите служат и за барање до општеството да го почитува човековото достоинство и да ја шири темата слобода, а во случајот со Кина тоа е фарса, “револтирана е Еверс.

Еден од демонстрантите е уште поогорчен:

„За мене доделувањето на Олимписките игри на Кина значи погазување на човековите права и на олимпискиот дух. Тоа не е во духот на ОЛимпијадата, не е прашање на спортот или политиката, туку едноставно на совеста и хуманизмот.“

Организацијата „Репортери без граници најави и други акции против цензурата во Кина


►◄