1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестна нота до грчката амбасада во Скопје

Александар Чомовски15 март 2007

Македонската влада ќе вложи протестна нота до грчката амбасада во Скопје. Со неа ќе изрази незадоволство од навредливата содржина за Македонија во еден марш на грчките војници при парада во 2005. Македонско - грчките односи ќе бидат тема и на најавената средба меѓу претседателот и премиерот.

https://p.dw.com/p/AbyW
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Македонската влада во текот на денот ќе вложи протестна нота до грчката амбасадорка во Скопја, Теодора Гросомандију. Реакцијата на македонската дипломатија следува откако медиумите во Скопје објавија интернет аудио и видеозапис од парада на грчката армија 2005 досина во присуство на грчкиот претседател Каролос Папуљас. Грчките војници наводно пееле: - Македонија, прочуена земја на Алкеснадар. За Грција е голема гордост што ги протера варварите и сега си слободна.

На истата воена смотра грчките војници марширале со песни навредливи и за соседите, Турција и Албанија. Македонските експерти ја проучувале веродостојноста на видеозаписот и македонската дипломатија оценува дека овој иницидент со навредливи содржини од грчките маршеви за Македонија заслужува реакција. Протестна нота до грчката амбасадорка. Овој чин го најави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во Скопје. И во седиштето на НАТО се информирани за навредливите песни на грчката војска, но оцениле дека е тоа внатрешно прашање за властите во Атина.

Македонско – грчките осноси се во блага фаза на взаемни провокации. Деновиве на платото пред македонската влада но и пред кабинетот на премиерот Никола Груевски се поставени бисти и спомен белези од античко доба ископани од македонските археолошки локалитети „Целта е да ги оплемениме просторите на владата. Сакаме да ги оплемениме со она што е темелност на една држава. Темелност на една држава е се знае културното наследство.“ вели Паско Кузман, директор на македонскиот центар за заштита на културното населедство.

Во исто време министерот за одбрана Лазар Еленовски без знаење на владата и самоиницијативно, отсранил историски воени карти од минатиот век со исцртани граници на Голема Македонија „Имаше одредена реакција од Република Грција на повеќе нивоа дека кориситиме карти на Голема Македонија, дека делиме книга исто така во која ги има тие карти и во таа насока, имајќи ги в предвид и сугестиите од нашите пријатели, значи немаше ни ултиматум, ни наредба.“ објаснува министерот за одбрана Еленовски чии аргументи и лични мотиви зошто ги отстранил историските факти од министерството за одбрана не биле прифатливи за владата.

Ниту една членка на НАТО не побарала Македонија да ги повлече старите карти со Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, што наводно ги иритирало властите во Атина. Владата не ги прифатила аргументите на минсиерот Еленовски дека е тоа гест кој може да ги иритира грчките власти пред Македонија да добие покана за членство во НАТО.

Целокупниот политички и дипломатски амбиент веројатно ќе биде дел и од разговорите на државно владиниот врв. „ Дека има потреба да се сретнеме во еден порелаксиран разговор да поразговараме за иднината во однос на проблемот со името. Како понатаму? Што ако се случи ова како би постапиле ако се случи нешто друго? Како би постапиле во статус кво ситуација?“

Грчко – македонските односи ќе бидат тема на утрешната средба меѓу претседателот Бранко Црвенковкси и премиерот Никола Груевски, што ги најавува и лично шефот на македонската влада.