1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протест во Тирана поради апсењата во Македонија и Србија

АМ/миа7 мај 2012

„Во одбрана на нашите браќа, сестри и мајки Албанци во Македонија и Прешево“ е мотото под кое денска треба да се одржи протест во Тирана, во организација на асоцијацијата „Движење Нова Албанија“.

https://p.dw.com/p/14r4z
Фотографија: DW / Aida Cama

Според соопштението на организацијата, протестот во форма на марш ќе се одржи пред амбасадите на Македонија и на Србија во Тирана.

„Преку протестот се искажува граѓанската волја и реакција против насилството и последните апсења на Албанците во Македонија и во Прешевската Долина“, стои во соопштението на организацијата.

По завршување на протестот, претставници на демонстрантите ќе заминат во Државното обвинителство на Албанија и канцеларијата на делегацијата на ЕУ за да го „пренесат обвинувањето против министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкуловска и српскиот министер Ивица Дачиќ“.