1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Противниците на Путин се организираат

ЖА/дв/дпа/дапд23 октомври 2012

Руската опозиција се престројува кон координиран настап - со изборот на 45-члено претставничко тело досега расцепканото протестно движење во земјата добива организирани контури.

https://p.dw.com/p/16Upe
Фотографија: DW

Руската опозиција првпат избра заедничко тело заради подобро координирање на протестните активности против шефот на Кремљ, Владимир Путин. По тридневното гласање преку интернет, адвокатот и блогер Алексеј Навални доби најголем број гласови, како што соопшти раководителот на Изборната комисија Леонид Волков за опозиционата телевизија Дожд. Во 45-члената координативна комисија се уште и екс-вицепремиерот Борис Немцов, шаховскиот екс-велемајстор Гари Каспаров и еколошката активистка Јевгенија Чиркова, како и други познати политичари. Вкупно за избор беа кандидирани околу 200 владини противници. Новото тело треба да помогне во обединувањето на расцепканата опозиција, во организирањето натамошни протести и да биде партнер во дијалогот со власта. Рускиот претседател Владимир Путин минатите месеци своите противници повеќепати ги критикуваше како хорда интернет корисници без програма и водство.

Гласањето преку интернет беше одложено поради хакерски напад врз интернет страницата во саботата вечерта и се одвиваше до денеска утрото (23.10). Учеството во гласањето од 82 илјади граѓани е значително под очекуваното.