1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Противречни информации од Грузија

19 август 2008

И покрај руските тврдења, , се‘уште нема знаци за повлекување на руските трупи од Грузија. ОБСЕ најавува испраќање свои набљудувачи во кризниот регион.

https://p.dw.com/p/F0jr
Руската војска се‘уште е во ГрузијаФотографија: AP

И покрај официјалната најава за повлекување, руските трупи и тенкови и натаму се присутни во повеќе делови на Грузија. Претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, финскиот министер за надворешни работи Александар Стуб не можеше да го потврди повлекувањето. Имаме противречни информации од двете страни, изјави тој, најавувајќи ја намерата ОБСЕ да испрати 100 набљудувачи во Грузија.

Размена на затвореници

На 45 километри од Тбилиси, главниот грузиски град, руските и грузиските трупи се на само неколку стотици метри едни од други. Вчера било извршена размена на затвореници. 13 грузиски војници биле разменети за петтмина руски војници, известува репортер на агенцијата АФП.

Рускиот претседател Димитри Медведев потенцира дека не сака затегнување на меѓународните односи, но бара почитување кон својата земја:

„Оној кој мисли дека може да убива руски граѓани и офицери, силно се лаже. Ние тоа нема да го дозволиме, ќе следува уништувачки одговор. Ние имаме можности за тоа: економски, политички и воени“, се закани Медведев.

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс предупреди дека владата во Москва води опасна игра со САД и НАТО.

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили побара од запад да не гледа беспомошно на конфликтот. Се надевам дека светот ќе се разбуди и ќе види што се случува, најлошо би било да се прават компромиси, предупреди Сакашвили.

Потребна е хуманитарна помош

ОН и хуманитарните организации повикуваат заеднички на обезбедување помош на бегалците и жртвите на конфликтот во Грузија. За да се згрижат околу 130 илјади луѓе со храна, вода , лекови и сместување, според проценките потребни се 59 милиони долари, соопшти бирото на ОН за координирање на хуманитарната помош.