1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Против Бразил на победа за навивачите

СН/ЕМФ/макфакс/миа8 април 2012

Откако не успеа да го оствари олимпискиот сон, македонската ракометна репрезентација сака со победа да се прости од квалификацискиот турнир во Гетеборг.

https://p.dw.com/p/14ZVy
Фотографија: picture-alliance/Pixsell

Македонската ракометна репрезентација денеска во 14:45 часот во Скандинавиум арената во Гетеборг го игра третиот и последен натпревар од квалификациите за Олимписките игри, а капитенот Кире Лазаров посакува победа за оддолжување кон навивачите кои им даваат голема поддршка на своите репрезентативци.
Противник на „црвено-жолтите“ е репрезентацијата на Бразил, која исто како и Македонија доживеа два пораза и ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри.
„Заради навивачите кои дојдоа да не‘ бодрат, треба достојно да се простиме на натпреварот со Бразил и да постигнеме победа. Убаво е да се заврши еден циклус со победа, тоа останува запишано“, истакна Кирил Лазаров.

Досега овие две репрепрезентации имаат одиграно натпревар на Светското првенство 1999 година во Египет. Во Каиро, Бразил ја победи Македонија 30:27.

Со двата порази во изминатите два дена против Унгарија и против Шведска, македонската ракометна репрезентација ги загуби шансите за пласман на ЛОИ во Лондон.

Во Гетеборг, во вториот натпревар, од 17 часот играат Шведска и Унгарија, двете репрезентации кои се пласираа на Олимписките игри од оваа група. Досега се познати уште три селекции кои обезбедија пласман во Лондон. Од групата во Вараждин се Хрватска и Исланд, додека од групата во Аликанте е Шпанија.