1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Професионалните војници заслужуваат наоѓање решение

29 декември 2009

Интервју со Началникот на Генералштабот на АРМ, генералпотполковник Мирослав Стојановски

https://p.dw.com/p/LFzc
Мирослав Стојановски, Началник на Генералштабот на АРМФотографија: Petr Stojanovski

Генерале, неодамна македонскиот парламент донесе одлука во мисијата ИСАФ во Авганистан да испрати уште 80 војници на АРМ. 35 армиски специјалци, пак, добија американски одликувања. Кое е задоволството, а уште повеќе одговорноста да се имаат толку многу војници во странски мисии?

Стојановски: Прво да кажам дека овие мисии се одвиваат во континуитет и се израз на волјата на политичкото раководство со учеството во мисиите да ја искаже нашата определба за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Кога зборуваме за задоволството, тука не може да се говори за задоволството од секојдневниот живот, затоа што станува забор за мисии од висок ризик, каде сме фокусирани и посветени на поставените задачи и нема многу време да се размислува на секојдевното задоволство. Досега не сме имале никави забалешки за она што се зададени забелешки за мисијата. Тие искуства, подоцна, ние ги користиме со обуката на другите контингенти. Кога зборуваме за загриженоста, таа секако е поврзана со ризикот од исполнување на секојдневните задачи. Меѓутоа, тоа не е ништо ново за припадниците на армијата. Мислам дека по 7,5 години учество во мисиите и со персонал од повеќе единици на АРМ, можеме да констатираме дека благодарејќи на добрите услови за квалитетна обука и обезбедување на неопходната опрема за извршување на задачите ние немавме проблем од таква природа.

Станува ли Македонија фактор на мирот, како што наведуваат политичарите, со оглед на фактот дека во мисиите, сепак, испраќа релативно мали контингенти во однос на големите сили?

Стојановски: Ако се земе предвид бројната состојба на нашите со бројната состојба на големите сили секако на секој кој е лаик ќе му звучи дека нашето учество е симболично. Меѓутоа, ако ги споредите бројот на жители со бројот на мировници, Македонија е меѓу првите пет земји по бројот на миривници во таа мисија. Ние, секако заедно со останатите партнери, сме фактори на мирот, бидејќи тука не станува збор за индивидиуален придонес, туку за коалиција која извршува заедничка мисија односно задачи.

Како Македонија може политички или стратегиски да го искористи ова свое учество во мисите низ светот?Таа 14-15 години чека во предворјето на НАТО. До кога?

Стојановски: Добро, Вие сте во право Ние зборуваме за статика, но процесот не е статичен. Тој е динамичен. Правиме се‘ што е потребно. Обврските што АРМ ги презема пред НАТО, крајно успешно ги менаџира овие процеси, а тоа е објективно мислење на нашите партнери кои ги оценуваат нашите реформски зафати во областа на одбраната. Точно е дека 15 години е еден долг временски период, но овде станува збр за проблем од сосема друга природа. Мислам дека ние го заслужиме членството во НАТО, убеден сум во тоа и самата одлука во НАТО, секоја средба кога има средби на различни нивоа, поканата за нас е тука, тоа го покажува.

Дали ова предолго чекање во предворјето на НАТО може негативно да влијае врз мотивираноста кај старешинскиот кадар?

Стојановски: Сигурно тоа тлеело во кус временски период, бидејќи очекувањата беа поинакви. Меѓутоа, ние немаме време за тој проблем како припадници на армијата бидејќи процесите се интензивни. Нема време за застој. Армијата е институција која е како машина, ако еден период ја запрете, ќе ви треба многу време да ја вратите во функција. И заради тоа мислам дека мотовираноста на персоналот, ако не е на исто ниво како во Букурешт, тогаш е на приближно ниво. Таа мотивираност и посветеност се искажува на сите настани на кои амријата учествува. Ние во ниту еден момент не сме биле оптоварени со малодоушност и анемичност, напротив, низ конкретните активности сите можат да забележат со каков елан им пристапуваме на задачите.

Дали армијата ја заврши својата внатрешна трансформација? Дали се создадоа сите предвидени структури и како тие се опремени?

Стојановски: Реформските процеси не се некоја точка или одредиште до кое треба да се стигне. Тие се патување. Кога ќе се достигне една фаза се преминува на друга затоа што армиите мора да се прилагодуваат на новонастанатата ситуација, затоа што се менуваат заканите и ризиците.Точно е дека според стратегискиот одбранбен преглед на крајот од минатата година се заврши една фаза од реформите, кога најголемиот дел од единиците беа трансформирани, но и НАТО се трансформира и ние одлучивме да ги следиме овие процеси паралелно, што значи и да вршиме трансформации согласно нашите протреби, но и да ги почитуваме обврските преземени пред нашите партнери од НАТО.

Кои се најголемите приоритет пред армијата?

Стојановски: За нас во армијата отсекогаш на прво место била обуката. Значи со неа се заштедуваат, односно се избегнуваат многу проблеми, затоа што човечкиот фактор е на прво место, а здравјето и животите на луѓето се најголемите вредности, кои мора да се чуваат во секој момент. Покрај обуката, тука е и стандардот на војниците, односно условите за живот и работа, додека трет приоритет е опремувањето на армијата со нова софистицирана опрема и одржување на постојната опрема.

Генерале, дали и како може да се најде решение за проблемот на професионалните војници?

Стојановски: Многу ги почитувам професионалните војници затоа што, според бројот, се најголемиот дел од активните воени лица во армијата. Го почитувам сето она што заедно со подофицерскиот и офицерскиот кадар го сторија за армијата, да биде препознатлива, во позиција да биде конкурентна, не дома, туку надвор од земјата. Но, според сегашната законска регулатива армијата не може да стори ништо освен да ги почитува законите за служба во амријата и за одбрана. Што ќе се случува во наредниот период ќе зависи од повеќе фактори, но неспорно е дека овој персонал заслужува внимание и дека заслужува да се најдат решенија за нивните наредни ангажмани, меѓутоа за тоа е потребно време за да се изгради систем што ќе овозможи нивно интегрирање во општеството.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска