1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Процесот против Пуси Рајот како од времето на Сталин?

Роман Гончаренко / Александар Методијев30 јули 2012

Во Москва започнува главниот процес против Пуси Рајот. На уметничката група и’ се заканува 7-годишна затворска казна, поради критичка акција против Путин изведена во црква.

https://p.dw.com/p/15gUf
Фотографија: Reuters

Катедралата Христос Спасителот во Москва е извонредна градба со златни куполи и се наоѓа на брегот на реката Москва и во близина на Кремљ. Таа се смета за најголема црква во Русија. Во 90-тите години на минатиот век таа е повторно изградена, откако комунистите во 1931 година ја разнесоа градбата од 19-от век. За Руската православна црква оваа катедрала претставува симбол на новиот почеток по падот на Советскиот сојуз. Патријархот тука ја одржува божиќната и велигденската миса. Исто така и претседателот Владимир Путин доаѓа редовно и пали свеќа.

Од пред околу пет месеци катедралата на Христос Спасителот се наоѓа во средиштето на еден скандал, во кој станува збор за црква, политика и слобода на уметноста во Русија. Повеќето критичари, како московсковската публицистка Маша Гесен, зборуваат за монтиран процес како во 1930-те години под тогашниот советски диктатор Сталин. Сите судски рочишта ќе бидат прикажувани во живо преку интернет, што е новина во Русија.

Moskau Pussy Riot vor Gericht
Изведување на Пуси Рајот пред судФотографија: AP

Три прашања против Путин

На обвинителната клупа седат Марија Аљочина, Надежда Толоконикова и Екатерина Самузевич. Сите три се во своите рани 20-ти години. Тие припаѓаат на панк-бендот Пуси Рајот и со задоволство провоцираат со политичките песни, кои како музички видеа се поставени на интернет.

Нивниот досега најконтроверзен настап се случи на 21 февруари 2012-та година, кратко пред претседателските избори во московската катедрала. Видео на интернет покажа женска група во кратки алишта и шарени маски како танцува пред олтарот и врти со тупаниците. Под видеото оди панк молитва – една откачена песна, во која Богородица се повикува „да го протера Путин“. Трите жени беа идентификувани и веќе пет месеци се во притвор. Тие се обвинети за „хулиганство“. Обвинителството побара седумгодишна затворска казна.

Поделено мислење во општеството

Видеото со панк-молитвата на видео-платформата Ју Тјуб до сега е погледнато 1,5 милиони пати. Коментарите под речиси двеминутното видео растат секој ден и сега се речиси 30.000. Ставовите се поделени. Се чини дека руското општество е поделено. 39 проценти од Русите сметаат дека неколку годишна затворска казна би била соодветна казна за младите жени од Пуси Рајот, покажа истражувањето од почетокот на јули на московската Фондација за јавно мислење. Речиси исто толку, или 37 проценти, се против.

Russland Prozess gegen Pussy Riot in Moskau Nadeschda Tolokonnikowa und Maria Aljochina
Девојките се соочени со 7-годишна затворска казнаФотографија: Reuters

Активистите за човекови права со месеци бараат ослободување на трите членки на Пуси Рајот. Организацијата за човекови права Амнести интернешнал ги класифицираше како „политички затвореници“. Људмила Алексејева, раководител на московската Хелсиншка група, зборува за „политички процес“.

Дури и на руската уметничка сцена постои ретко единство за случајот „Пуси Рајот“. Писатели, музичари и актери имаат различни мислења дали панк-молитвата во катедралата беше добра или лоша акција, но најголем дел од нив ја отфрлаат тешката казна. Во јавно писмо до Врховниот суд на Русија, повеќе од 100 познати руски уметници побараа ослободување на девојките од Пуси Рајот.

Знаци на солидарност од Германија

Poster zum Benefizkonzert für Pussy Riot in Berlin
Постер за концертот за поддршка на Пуси РајотФотографија: Uncle M

Поддршката за Пуси Рајот расте и меѓу западните уметници. Пејачот на американскиот рок бенд Ред Хот Чили Пеперс на еден концерт во Русија носеше маица со името на панк бендот. Британскиот пејач Стинг јасно зборуваше пред концерт во Москва и побара ослободување на жените од Пуси Рајот. Германската панк икона Нина Хаген изрази надеж во едно интервју за Дојче веле дека нема да се дојде до тешка казна.

„Сакам да апелирам до руската влада и моите православни браќа и сестри да покажат милост“, рече Хаген. Таа, панк кралицата од 80-тите години, верува во „големото руско срце“.

Исто така и младите германски уметници сакаат да покажат солидарност со Пуси Рајот. Берлинските панк бендови Радио Хавана, Смајл и Брн, сакаат заедно со Анти Флег, панк бенд од САД, утре (31.07.) во Берлин да организираат концерт за поддршка на Пуси Рајот.

„За мене процесот е јасен знак за репресијата од страна на владата кон својот народ“, рече за Дојче веле Оливер Арнолд, басист во Радио Хавана.

Неколку дена пред процесот музичарките од Пуси Рајот се обидуваа да ги смират работите. „Можеби некои ги сметаат како навреда повеќето од нашите поведенија. Тоа не е така“, се вели во отвореното писмо што жените го напишаа во притвор и го испратија до медиумите. Тие се заблагодарија за поддршката и ги повикаа како поддржувачите, така и критичарите на дијалог.