1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прошка за бискупите-покајници

Грегор Хопе 26 јануари 2009

Ватикан ја укина екскомуникацијата на бискупите кои го предводат ултраконзервативното братство Свети Пиј десетти, кое ја отфрлува модернизацијата на црквата. Тие беа поставени од бискупот Марсел Лефевр.

https://p.dw.com/p/GgIR
Папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: picture-alliance/ dpa

Сега е веќе официјално. Папата Бенедикт Шеснаесетти им прости на бискупите кои порано се одрекоа од, според нивно сфаќање, „со модернизам заразениот Рим“. Ултраконзервативниот бискуп Марсел Лефевр, огорчен противник на црковната реформа во текот на вториот Ватиканизам, ги постави бискупите противправно во 1988 година, без одобрение на папата. Веднаш потоа тие беа екскомуницирани.

Гест на простување од папата

Папата им прости и ја укина екскомуникацијата откако неодамна бискупите најавија послушност кон него. Бенедикт Шеснаесетти, како што се вели во бискупската конгрегација, издадена во саботата, верува во писмените уверувања на покајниците дека сериозно сакаат да разговараат со Светата столица и да ги расчистат проблемите. Папата сака да ги продолжи односите со т.н. Пијско братство, кое е организација на следбениците на бискупот Лефевр.

Овој подарок на мир на крајот на божиќниот период е знак за јакнење на единственоста и милосрдноста на црквата и надминување на скандалот со шизмата.

Бенедикт Шеснаесетти прими делегација на братството. Самата одлука, повторно да да биде дозволено одржување латинска миса како посебна форма, беше разбрано како помирлив гест кон ултраконзервативните свештеници. На папата му се припишува голем личен интерес за повторното воспоставување на овие односи: како кардинал тој ги водеше разговорите со бискупот Лефевр, кои требаша да го надминат отцепувањето.

Следуваат критики во еврејските кругови

Но, гестот од саботата на папата може да му донесе тешки критики од базата: групите кои се залагаат за модернизација на црквата благоста кон ултраконзервативните бискупи можат да ја протолкуваат како доказ за назадно разбирање на црквата кај Јозеф Рацингер. Папата дури го прими и црковниот критичар, Ханс Кинг, кратко по неговиот избор, но без дозвола за неговото учење. Со групите како „Ние сме црква“ или „Црквата од долу“ папата не поведе дијалог.

Kalenderblatt Bischof Marcel Lefebvre
Противник на реформите, починатиот бискуп Марсел ЛефеврФотографија: AP

Но, ексомуникацијата на бискупите повторно ќе ги оптовари католичко еврејските односи. Ватикан веднаш официјално се огради од јавните изјави на бискупот Ричард Вилијамсон-дека тој не верува во постоењето на гасните комори на нацистите. Но, еден бискуп, кој го негира холокаустот, да биде прибран повторно во крилото на црквата, кај еврејскиот свет ќе наиде на неразбирање.

Портпаролот на папата, Федерико Ломбарди, објасни дека екскомуницираните се во целосно единство со црквата. Но, тоа не значи дека таа е согласна со изјавите на Вилијамсон во врска со убиството на Евреите во Европа за време на нацизмот, тие треба да се оценуваат засебно, потенцираше Ломбарди.