1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прoтестите проти продажбата на ЕСМ - дистрибуција се‘ побројни

Горан Петрески28 февруари 2006

Протестите против продажбата на Електростопанство - дистрибуција во Македоинја стануваат се побројни и пожестоки. Владата во меѓувреме за 15 дена го продолжи рокот за предавање на конкретните понуди.

https://p.dw.com/p/AeMX
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Како што се ближи 15 март, рокот до кога четирите европски компании треба да достават конкретни понуди за купување на ЕСМ – дистрибуција, во Македонија расте нервозата околу овој случај. Обвинувања меѓу власта и опозициијата. Експлодираат чадни, но и вистински бомби. Граѓанското здружение Глас за светлина вчера со најмасовни протести досега одбележа 300 дена од стартот на отпорот против продажбата на највредната македонска компанија. Се пожалија дека со полициска опструкција, голем број граѓани од внатрешноста на Македонија, биле спречени да се приклучат кон протестите. Една од организаторите, Марина Христова изјави

„Граѓаните од Штип, над илјада луѓе се спречени да дојдат, бидејќи утрово, автобусите со кои требаше да дојдат граѓаните се однесени на вонреден технички преглед. Истото се случува и во Радовиш. Луѓето кои доаѓаат од тој крај, Струмица, Радовиш се оневозможни, затоа што на автопшатото се сопрени и се упатени на технички преглед.“

За ЕСМ дистрибуција, конкурираат германското РВЕ, австриското ЕВН, чешки ЧЕС и италинскиот ЕНЕЛ. Тие ја снимија состојбата и ги подготвуваат конечните понуди. Вредноста на компанијата сеуште е непозната, а политичките партии почнаа да се обвинуваат меѓусебе дека со нивните активности ја уриваат цената.

„Претседателот на ВМРО ДМПНЕ, намерно или случајно од невнимание си го покажа уште еднаш своето вистинско лице и самиот се издаде. Имено тој денес заедно со Глас на светлина протестира пред владата, за транспарентната и законита приватизација на 27 проценти од ЕСМ.“

„Очигледно Социјалдемократскиот Сојуз го губи компасот. И навистина не знаат што прават. Претседателот Груевски не беше денеска на протестите. “

кажаа партиските портпароли Кондарко и Бичиклиски.

Се отвори дебата и како ќе се трошат парите од продажбата на ЕСМ. ММФ препорача да се чуваат како девизни резерви, а не да се потрошат невнинмателно, како парите од продажбата на Телеком. Министерот за економија Фатмир Бесими кажа

„Нивната порака е дека средствата треба да се користата исто така за економски развој, но тоа да се направи внимателно. Ние тоа ќе го направиме.“

На вчерашите протести кон зградата на владата беа фрлени и чадни бомби, а неодамна пред скопската подружница на компанијата експлодираше вистинска бомба. Во инцидентот за среќа немаше повредени, а подметнувачите сеуште не се откриени. Глас за светлина, денеска нема да ги блокира улиците на Скопје, туку ќе ги утврдува идните активности.