1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичји грип - ситуацијата на островот Риген е многу сериозна

Корнелија Дирзен19 февруари 2006

Неопходна е помош од специјалисти на Бундесверот

https://p.dw.com/p/Ac8n
Риген- собирање на пцовисаните птици
Риген- собирање на пцовисаните птициФотографија: AP

Кај 30 разновидни пцовисани птици, пронајдени на островот Риген, е утврден и за луѓето опасниот вирус на птичји грип Х5Н1. Мртви птици се откриени насекаде на островот. Сега во борбата против живинската зараза треба да помогнат припадници на Бундесверот. Сојузниот министер за земјоделство и заштита на потрошувачите Хорст Зехофер и неговиот покраински ресорен колега од Мекленбург-Предна Померанија Тил Бакхаус вчера извршија инспекција на состојбата на загрозениот остров. Она што го видоа можеше само да ги загрижи.

Министрите, по посетата на островот, се појавија пред претставниците на печатот видливо напнати: „Имаме сериозна, многу сериозна ситуација“ – констатира на почетокот Тил Бакхаус. „Она што посебно ме погодува е дека заразата веќе не е ограничена само на едно место. Позитивно, пак, е дека не се зафатени песнопојните птици“.

Цлиот остров Риген прогласен за подрачје под набљудување. ојузниот министер Хорст Зехофер ја оцени ситуацијата како незадоволителна. „ самиот бев изненаден кога во мое присуство беше собрана една мртва птица, а во непосредна близина се наоѓаа едно чудо луѓе. Сега од покраинската влада е наредено конечно и да бидат спроведени блокадите за кои веќе од порано е издадена наредба“ – рече Зехофер.

За да се изврши ова, Тил Бакхаус побара помош од Бундесверот: Ќе побараме сили за спроведување мерки на блокада и на дезинфекција, зашто морав да осознаам дека тие мерки на осторовот Риген се нецелосно спроведени“. За ова Бакхаус доби подршка од сојузниот министер Зехофер – се’ што може да се стори на земја, мора и да биде сторено: „Овде не станува збор за акционизам, оти со птичјиот измет може преку чевли на човек што се затекнал таму да биде внесен вирусот во некоја живинарска фарма, а тоа е многу голем ризик“.