1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пукано врз седиштето на американската Воена морнарица

ЕМФ/дпа16 септември 2013

Во нападот што денеска (16.09) се случи во Вашингтон, загинаа четири лица, а повредени се повеќемина. Меѓу повредените има и двајца полицајци, јавија дел од американските медиуми.

https://p.dw.com/p/19iOK
Фотографија: picture-alliance/AP

Воената морнарица соопшти дека снајперист денеска изутрина по локално време отворил оган врз тешко обезбедуваниот објект на морнарицата. Во комплексот работат околу 3 илјади луѓе.

Засега нема потрвда на информациите дека можеби станува збор за повеќемина снајперисти. „Вашингтон пост“ јави дека едно лице е уапсено. Од Белата куќа се вели дека претседателот Барак Обама добива редовно информации за состојбата. Аеродромот во Вашингтон беше привремено затворен, но во меѓувреме сообраќајот повторно се одвива нормално.

Целиот блок каде што се наоѓа седиштетот на Воената морнарица е блокиран. Во тој блок има и цивилни згради и едно училиште.