1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пустец - универзитетски град

Вера Тодоровска16 јануари 2009

Пролетва во општина Пустец во Мала Преспа ќе почне изградбата на американскиот „Макариши централен универзитет“, прв во Југоисточна Европа. Инвестицијата ќе чини 40 милиони евра.

https://p.dw.com/p/GZem
Чистата природа околу Преспанското Езеро е она што ги привлече АмериканцитеФотографија: Petar Stojanovski

За нас се отвора новата надеж, наречена: Пустец-универзитетски центар. Не криејќи ја големата радост и задоволство, вели градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко најавувајќи дека пролеттва ќе бидат поставени темелите на американскиот универзитет „Макариши централен универзитет“. Ќе може да се школуваат две илјади и петстотини студенти на 14 факултети од областа на медицината, правото, економијата, уметноста, земјоделството, администрацијата и културата. Ќе се гради на едно од најубавите места, Глобочани. Ќе се протега на 100 хектари земја, на три локации, 36 објекти. Целата инвестиција ќе изнесува 40 милиони евра. Универзитетот е основан во градот Феирфилд во државата Ајова, во 1971 година од сопственикот Макариши Махеш Јоги, Индиец по потекло, додава Темелко. Покрај универзитетските центри во САД, тој се шири и на европскиот континент. Веќе има изградено универзитет во Швајцарија а овој во Пустец ќе биде прв во Југоисточна Европа. Зошто токму во Пустец, кое се смета за едено од најнеразвиените подрачја во Европа: тие сакаат чиста еколошка средина, а Мала Преспа е чиста природа.

Universtität Tirana Albanien
Универзитетот во Тирана: досега Македонците од Пустец се школуваа тукаФотографија: DW / Cama

Пред Пустец се отвораат нови можности

Мала Преспа, подрачје со околу шест илјади жители, Македонци по род, очекува економски препород: ќе има доста нови вработувања и голем прилив на туристи.

До сега Македонците се школувале на универзитетот во Корча, во Тирана, а над сто се на универзитетите во Битола и во Скопје. Се очекува тука да се школуваат и студенти од други градови во Албанија, но и од Македонија и други земји во регионот.

Општината превзема и други активности за подобрување пред се‘ на патната инфраструктура. Во тек е изградбата на патниот правец Стење - Пустец, во должина од 13 километри и широчина 6,5 метри, инвестиција од пет милиони долари. Овој зафат, како и веќе изградената нова водоводна мрежа, колекторот за заштита на Преспанското езеро, и најавата за изградба на туристички комплекс, се очекува некогашната слика за Мала Преспа, како неразвиено, сиромашно, да не речеме најбедно подрачје, да остане во минатото.