1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пустинска електрична струја за Европа

13 јули 2009

Во Минхен (13.07.2009) е потпишан документ за почеток на проектот „Дезертек“, чија цел е да се користи сончева енергија во пустинскиот појас на Северна Африка и добиената електрична енергија да се пренесува во Европа.

https://p.dw.com/p/Imn1

Денеска е означен почетокот на спроведувањето на еден од најамбициозните светски проекти за соларна енергија во Сахара. Под раководство на реосигурителната компанија „Минхенер Рик“ повеќе концерни го потпишаа писмото за намери. Цел на иницијативата е да се кориси сончевата енергија во пустинскиот појас на Северна Африка и добиената електрична енергија да се транспортира во Европа. Соларните постројки треба да бидат пуштени во погон за 11 години. Проектот „Дезертек“ според проценките ќе чини 400 милијарди евра.

DESERTEC Foundation Karte
Фотографија: DESERTEC Foundation

Огромна енергија

Според фондацијата „Дезертек“, сонцето во пустините на планетава за само шест часа зрачи повеќе енергија, отколку што човештвото користи за цела година. Иницијаторите на проектот се надеваат дека уште во 2020 година, преку новите високонапонски мрежи ќе протечат до 20 гигавати енергија кон Европа, што би покрило 15 проценти од енергетските потреби на стариот континент. Критичарите на мегапроектот се сомневаат дали тој воопшто може да биде спроведен, со оглед на тоа што во него учествуваат речиси 400 компании и институции. Тие укажуваат и на огромните трошоци, како и на политичката нестабилност на земјите во регионот на Северна Африка.

АТ/ГЧ/дпа/ап

Редактор: Жана Ацеска