1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин ги обвинува САД

28 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag9U

Во спорот околу изградбата на планираниот американски ракетен одбранбен систем во Полска и Чешка,тонот и натаму се заострува. Рускиот претседател Владимир Путин системот го спореди со стационирањето американските атомски ракети во Германија во времето на студената војна. Заканувачкото сценарио од руски аспект е исто како и стационирањето на Першинг ракетите во 80-те години, изјави Путин при средбата со својот чешки колега Вацлав Клаус. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер повика на разумност за да се спречи спирала на недоверба меѓу САД и Русија.