1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин го критикува американскиот антиракетен штит

24 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anw6

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е во официјална посета на Виена го критикуваше американскиот план за поставување одбрамбен ракетен систем во Источна Европа, оценувајќи го како контрапродуктивен. Рускиот претседател смета дека тоа би водело само во нова трка за вооружување. Според Путин со ширењето на ЕУ се јавиле спорни прашања меѓу Унијата и Русија што ги кочи меѓусебните односи, но Австрија може да има и позитивна улога на посредник во процесот на помирување.