1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин и даде нови ветувања на Кина

22 март 2006

На крајот од неговата дводневна посета на Кина,рускиот претседател изрази оптимизам во врска со изградбата на долго оспоруваниот нафтовод од Сибир кон Кина.

https://p.dw.com/p/Ae2x
Путин:уверување во тесно пријателство
Путин:уверување во тесно пријателствоФотографија: AP

Со бомбастична социјалистичка претстава ,балет и класична музика беше означен почетокот на руската година во Кина,во присуство на големиот гостин од Москва. Гостите внимателно се вслушнаа кога рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега домаќин Ху Џинтао ги одржаа поздравните говори полни пријателски најави.Кинескиот државен шеф Џинтао:

-Кина и Русија се добри соседи.Нас не поврзува долго пријателство.Ние се поддржуваме и се разбираме.Никогаш не забораваме дека во антијапонската војна во Кина загинаа многу храбри Руси,дека При основањето на Народна република Кина Русите ни подадоа рака.Нашето пријателство се создаде преку крв и се базира на искреност.

Џинтао не ги спомена старите идеолошки разијдувања меѓу двете земји.Во преден план беше само позитивното,како развиената меѓусебна трговија,заедничките напори во борбата против тероризмот и дипломатските обиди за завршување на конфликтите околу иранската и севернокорејската атомска програма.И Путин имаше само фалби:

-Денеска ја отворивме бината за руската година во Кина.Тоа е еден меѓник .Русија ја смета за важен чекор кон поттикнувањето пријателство и меѓусебно разбирање.

Но,зад убавата фасада,постојат вриења.Русија и вети на Кина потесна соработка во обезбедувањето енергија.Постигнати се 15 стопански договори,како и еден меморандум за испорака на 15 милијарди кубни метри гас годишно на Кина.Договорена е соработка при изградбата атомски централи и зголемување на испораката на нафта за годинава на 15 милиони тони.Но,Кина би сакала многу повеќе.За да ги покрие енормните потреби предизвикани од стопанскиот растеж,таа со години притиска за изградба нафтовод од Русија кон Кина.Досега Кинезите не беа успешни.Во разговорите меѓу Путин и премиерот Вен Џиабао е договорена студија за изградба на нафтоводот,но тоа ни оддалеку не значи согласност,туку само план.

Наместо да се зафати со нетрпеливите желби кон суровини од своите домаќини,Путин на крајот од посетата порадо го посети познатиот манастир на Шаолините и уживаше во гледање на кунг фу вештините.