1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин најави развој на нови видови оружје

19 октомври 2007

Владимир Путин во својата политика полага и врз воена сила. Синоќа, одговарајќи на прашања пред тв-камери, тој најави градење на нови атомски ракети. Не беше случајно што и офицери добија шанса да му постават прашања

https://p.dw.com/p/BsSt
Владимир Путин еднаш годишно на телевизија одговара на прашња од граѓанитеФотографија: AP

На рускиот претседател му беа презентирани снимки од успешниот тест на интерконтинентална ракета од типот “Топол РС 12 М”, лансирана од базата во Плешетск. Путин упати честитки за успешниот тест и рече: “Ние не посветуваме внимание само на атомската тријада – што значи на стратегиски ракети, военото воздухопловство и атомските подморници – туку и на сосем други видови оружја. Веќе е донесено решение за програмата за вооружување до 2015-та година. Се надевам дека до 2012-та ќе добиеме нова генерација авиони –ловци. Натамошно ќе се развива и ракетната техника – не само Топол со повеќе боеви глави, туку ќе има и сосем нови ракети” – најави рускиот претседател.

Путин овој пат не сакаше да го импресионира само рускиот народ, туку и американскиот. Се обиде да изгради кулиси на закана за да ја одврати Америка од одреден планови, пред се’ од стационирање делови од антиракетниот систем во Полска и Чешка.

Тој постојано ја нагласуваше руската готовност за разговори и, алудирајќи на Иран, ги повика САД да не преземаат непромислени чекори. Каде би воделе тие се покажува и на примерот на Ирак, рече тој: “Тие научија да пукаат, но не знаат да воспостават ред, што е и тешко. Невозможно е да се бориш против еден народ. Русија, за среќа, не е Ирак. Ние имаме доволно можности за да ги штитиме нашите интереси” – рече Владимир Путин.

Кристина Нагел