1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин: “Најдобро е да си кажеме што мислиме!“

14 февруари 2007

Рускиот претседател, Владимир Путин ги повика Палестинците на создавање ефикасна влада, која ќе биде прифатена и од страна на Израел. Путин беше на турнеја по Блискиот исток, за како што беше соопштено, да се отворат нови хоризонти во односите на Русија со арапскиот свет.

https://p.dw.com/p/AdtJ
Владимир Путин
Владимир ПутинФотографија: AP

Рускиот претседател, Владимир Путин повторно повикува на меѓународна конференција за Блискиот исток, со присуство на Сирија и Либан, чија цел би била наоѓање соодветно решение за проблемите во регионот. По средбата на Путин со јорданскиот крал Абдула втори во Аман, беше соопштено дека двајцата соговорници биле единствени во ставот дека преговорите за составување нова палестинска влада на национално единство мора да бидат поттикнати. Мировните преговори со Израел, според рускиот претседател, мора да продолжат. Ваквата порака тој лично му ја пренесе на палестинскиот претседател, Махмуд Абас, со кого претходно исто така водеше разговори во Аман. Путин, кој во рамки на турнејата ги посети и Саудиска Арабија и Катар, разговорите со монарсите во регионот ги оцени како конструктивни. Бранејќи го неговиот говор одржан на конференцијата за безбедност во Минхен, во текот на изминатиот викенд, рускиот претседател во Јордан рече дека она што го кажал за политиката на САД само го отсликува ставот на многу други земји по ова прашање. “Јас лично доаѓам до заклучок дека сеедно што зборуваме, секогаш ќе има луѓе кои ќе најдат нова можност за напад врз Русија. Најдобро за нас е едноставно отворено и искрено да кажеме што мислиме“, изјави Путин.