1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин очекува победа

2 декември 2007

Во Русија се во тек парламентарни избори. Партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин очекува голема победа и мнозинство во идниот парламент. Ваков исход потврдуваат и анкетите.

https://p.dw.com/p/CVle
Русите бираат парламентарциФотографија: AP

Поради 11-те временските зони во кои се наоѓа Русија, гласачките места на истокот се веќе затворени и таму е регистрирана голема излезност на гласачите. Резултатите сепак ќе бидат објавени по 19 часот, кога ќе се затвори и последното гласачко место на западот во Калининград. Рускиот претседател Владимир Путин по гласањето во Москва изјави дека е уверен оти избирачите ќе го дадат својот глас „за партијата која има најубедлива програма, и за луѓето на кои најмногу им веруваат“. Опозициониот политичар и поранешен шампион во шах, Гари Каспаров пак изјави дека властите„не само што ги манипулираат изборите, туку му нанесуваат штета и на демократскиот систем“. Тој до изминатиот четврток, една недела беше во затвор поради учество на опозициони демонстрации.

Критики од опозицијата


Опозицијата во земјата постојано критикува дека им се ускратени основните права и се малтретирани од власта. Ваквото мислење го делата и западните земји. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави.

„Видовме дека таму припадниците на организациите на човекови шрава не маат можност слободно да се изразат. Жалам и што ОБСЕ нема набљудувачи на изборите, но се надевам дека ќе има коректни медиумски извештаи за нив“, рече Меркел.


Инаку за 450 места во парламентот се натпреваруваат 11 партии. Но, изгледа дека високиот минимален праг ќе го помине само уште комунистичката партија. Изборите ги набљудуваат 280 набљудувачи, но меѓу нив нема монитори на ОБСЕ. Причина е спорот со руските власти кои одбија да им дадат визи на сите монитори на организацијата.