1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

120609 Indien Kinderarbeit

17 јуни 2009

Над 200 милиони малолетници во светот се принудени да работат. Најмногу деца-работници, на возраст од 5 до 14 години има Индија.

https://p.dw.com/p/I8Bu
Фотографија: Benjamin Pütter / AGEH - Misereor

Индиската економија, во изминатите пет години, бележи неверојатен пораст, речиси до 9%. Дури и сега, во време на глобална криза, владата смета дека ќе има пораст од 7%. Сепак, економската сила Индија се‘ уште има најголем број деца-работници, на возраст од 5 до 14 години. Според наводи на владата, бројот изнесува околу 13 милиони.

Тие работат и живеат во каменоломи и со чекан в рака ги ситнат големите камења и ги претвораат во чакал за потребите на градежништвото. Малиот Раџ Кумар и неговите браќа и сестри не знаат за друго: „Не го сакам ова, но ако работиме напорно, заработуваме и пари за родителите. Јас работам додека не се стемни.“

Цел мецес по цел ден работа за 10 евра

Оваа исцрпувачка работа носи заработувачка од 8 до 10 евра месечно. Други деца работат до 12 часа дневно во прозизводствените погони за кибрити или во индустријата за теписи. Деца работат и со оган, лим и метал, или произведуваат автомобили, брави и накит. Многу деца се и дувачи на стакло.

Ако возрасната граница се постави над 14 години, тогаш бројот на деца-работници рапидно се зголемува. Хуманитарните организации зборуваат за 100 милиони деца-работници. Со оглед на тоа што најголемиот дел од децата работат надвор од организираното стопанство, многу е тешко да се стигне до нив. Тие се искористувани и како слуги во домаќинствата, а работат и во земјоделството, или за своето семејство, или за некој големопоседник. Многу родители ги даваат децата на располагање како работници за да можат да си ги отплатат долговите.

Kinderarbeit in Indien
Фотографија: AP

Голема орда деца собира ѓубре. Меѓу нив е и Раџеш: „Немав што да јадам и бев без пари. Почнав да собирам шишиња. За едно шише се добива една до две рупии. Од тие пари си купувам јадење. А, спијам таму напред, на раскрсницата.“

Илјадници деца питаат на улица

Kinderarbeit in Indien
Фотографија: Benjamin Pütter / AGEH - Misereor

Има професионални питачки синџири, кои ги изгладнуваат децата или намерно ги осакатуваат за, на тој начин, да соберат повеќе пари. Во Индија, повеќе од 20 години постојат закони против злоупотреба на деца за работа и напредок - има, особено во текстилната индустрија. Но, генерално, на државата се‘ уште и‘ е тешко да ги спроведе законите.

Околу 300 милиони луѓе во Индија живеат под границата на сиромаштија. Многу семејства се упатени на детската работа за да можат да опстанат. Родителите на децата, но и локалните власти, притоа, не се свесни дека на децата им нанесуваат неправда.


Автор: Сандра Петерсман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска