1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Работата на големата коалиција - успешна!

Силвера Падори18 јули 2007

Стопански пораст, зголемена вработеност, саниран буџет се трите стожера кои канцеларката Ангела Меркел на традиционалната средба со новинарите пред годишните одмори, ги истакна како успех на Владата

https://p.dw.com/p/BJV8
Задоволна од работата на кабинетот и засега не планира промени - изјави канцеларката Ангела МеркелФотографија: AP

"

Кога ќе погледнеме каде сме, што сме направиле и што сакаме понатаму, би кажала дека го постигнавме тројството - санирање, реформирање и инвестирање. Наспроти многуте прогнози на експертите постигнавме стопански пораст, ја зголемивме вработеноста, а и покрај ова успеавме да го консолидираме и буџетот. Германија во 2008 - та година ќе има буџет со најмало задолжување од обединувањето, а во 2011 година ќе биде без долгови”. Истакна германската канцеларка Ангела Меркел на традиционалната прес конференција по половината од работната година на владата. За месеците што престојат канцеларката подвлече дека акцентот ќе биде ставен на натамошно јакнење на стопанскиот пораст, а притоа ќе се имаат предвид и случувањата на светската економска сцена.Таа ги истакна фер услови за инвестирање, исполнувањетна работните стандарди во глобалното стопанство, но и новите предизвици во енергетската и политиката за заштита на климата. Според Меркел, заслугата за постигнатото е добрата клима меѓу партнерите во големата коалиција.

“С

оработката со вицеканцеларот е силен столб на коалицијата. Тоа е базата и ќе остане така” - кажа Меркел.Одговрајќи на прашање таа се согласи дека по одредени прашања има различни ставови меѓу коалиционите партнери СПД и Унијата. Таа смета дека коалиционите партнери мора со тие разлики да живеат. Неединство има околу најниската гарантирана плата, различно се гледа на примената на атомската енергија... Но, она што е постигнато е далеку повеќе од она што е обврзувачко во договорот за коалицирање.

Канцеларката беше прашана и дали ги оправдува контроверзните ставови на министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле околу мерките за борба против тероризмот, кои се последниве недели критикувани.

"

Министерот мора да размислува за новите закани. Јас не сум канцелар кој може некому да забрани да размислува. Меме ми е важно заканите да бидат ртегистрирани што не значи дека автоматски треба и законски да се третиртаат. Според мое убедување се справуваме со квалитетмно нови закани на меѓународениот тероризам и затоа мора да се размислува и по потреба и контроверзно да се дискутира” - смета Меркел.

Во надворешно политичкиот дел од ангажманот на Владата во наредниот период, канцеларката Ангела Меркел се осврна на безбедносната политика и на продолжувањето на трите мисии на Бундесверот во странство.