1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Работа и реформи наместо стравувања

Свето Тоевски7 јуни 2006

Македонските власти не треба многу да стравуваат туку да продолжат со реформите и да спроведат фер и демократски избори,изјави амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере во Тетово

https://p.dw.com/p/Addf

Процесот на интеграција и на европските перспективи на Македонија продолжува,тоа е потврдено на највисоко ниво од сите земји членки на ЕУ.Најдобриот одговор на евроскептицизмот во Унијата кон нејзиното проширување,Македонија ќе го даде со манифестирањето капацитет да продолжи со успешните реформи во земјата,изјави денеска во Тетово амбасадорот на ЕУ и на ЕК во Македонија,Ерван Фуере,на прашањето зошто се доведува во прашање евроинтегрирањето на Македонија.

-За нас дилеми нема.Она што е предизвик за земјата тоа е всушност да продолжи да ги промовира реформите со кои ќе се постигне економско социјален развој.Тие во крајна линија,ќе ја приближат до ЕУ,рече Фуере,продолжувајќи:

-Продолжува процесот на евроинтегрирање и на европски перспективи на вашата земја.Тоа е потврдено од највисоко ниво од повеќе членки во Унијата.Но,точно е и дека постои евроскептицизам во некои земји членки на Унијата,според испитувањата на јавното мислење.Најдобриот одговор на вашата земја на тој евроскептицизам ќе биде да демонстрира дека има капацитет да ги реализира реформоте во кои е постигнат голем напредок,да спроведе успешни и фер избори,со што успешно ќе се приближи и до самата Унија.Примената на реформите,меѓу кои и тие во полицијата,ќе биде еден од првите приоритети и за новата македонска влада по изборите.

Ерван Фуере оваа изјава ја даде при посетата на Штуловиот универзитет.