1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Работници на определено време од Источна Европа

18 јуни 2011

Од 1 мај работници од источноевропските членки на ЕУ можат без ограничувања да работат во Германија. Многу фирми стравуваат од дампинг на платите, но дел од нив одвај го чекаа денот на отворање на пазарот на работна сила

https://p.dw.com/p/11bhM
Фотографија: DW/Arne Lichtenberg

Тред ден од праксата на Агњешка Марковска. Таа има повеќе од десет години работно искуство како медицинска сестра во Полска, но во Германија треба допрва да ја воведат во работните обврски.

Пред два месеца Агњешка Марковска го видела огласот во еден полски интернет форум: „Итно се бараат негуватели од Источна Европа!“

„Ах, госпоѓо Марковска, здраво.“

Важни се добри квалификации

Фирмата „Мед Контор“ посредува медицински персонал и итно има потреба од луѓе како нејзе. Фирмата ја финанасира тринеделната пракса, која е период на воведување во работата.

Германски може да се научи, важно е да се биде квалификуван
Германски може да се научи, важно е да се биде квалификуванФотографија: DW

„Сакам да живеам во Германија нормално, а за тоа треба да го учам германскиот јазик и да работам. Мислам дека за мене е подобро да учам и да работам и да имам контакти со луѓе што зборуваат германски. Тоа е подобро за мене“, убедена е Марковска.

По праксата таа ќе посетува уште еден интензивен курс по германски за негуватели. Тоа е уште една инвестиција, пред да биде преземена од страна на фирмата за посредување работници.

„Таа прво е многу, многу добро квалификувана, што често е карактеристика за негувателите од Балтикот и Полска. Што се однесува до јазикот може се‘ да се научи. Тоа е долг пат, но можен. Таа пред се‘ е многу мотивирана, многу вредна, многу ангажирана, тоа е убаво“, објаснува Хелена Мус од персоналното одделение на фирмата „Мед Контор“.

Останува само тој што се чувствува пријатно

Фирмата уште од минатата година има проблеми да најде квалификувани работници за работните места во медицината. Оттогаш, „Мед Контор“ ги протегна своите краци кон Полска и Балтикот и таму активно бара работна сила. Мотото на шефицата гласи: Принцот мора да се бакне за да се разбуди. Таа не верува дека Германија, сега, ќе биде преплавена од кандидати за работа. Напротив, таа дури има вработено двајца нови работници со познавања на полски и руски јазик, кои во регионот бараат стручна работна сила. И тоа не е се‘, таа сака да инвестира и натаму:

Работници со познавања на полски и руски јазик, во регионот бараат стручна работна сила
Работници со познавања на полски и руски јазик, во регионот бараат стручна работна силаФотографија: DW

„Има многу трошоци претходно. Мора да се смета со тоа дека кога работниците доаѓаат овде им е потребна придружба и поддршка при контактите со властите. Ние нудиме соодветно сместување, зашто само оној што се чувствува пријатно, тој и останува“, вели Кармен фон Борке, шефица на „Мед Контор“.

Додека рутината да добие свој тек ќе минат уште неколку дена, но за три месеци госпоѓа Марковска веројатно ќе може да почне да работи со полно работно време во некоја од германските болници.

Автор: Петра Гунерт / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска