1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радост за фановите на Астерикс

Јалда Зарбак / Александар Методијев5 ноември 2013

Стрип-цртачот Алберт Удерзо на 86 години веќе не сака да црта, па тим од цртачи и пишувачи на стрипови ја презема неговата работа. Приказната на Дидие Конрад и Жан-Ив Фери „Астерикс кај Пиктите“ води кон Шкотска.

https://p.dw.com/p/1A90n
Фотографија: Reuters

Уве Вардер пораснал со авантурите на Астерикс и Обеликс. Ве меѓувреме и неговата ќерка е голем фан на бестрашните Галијци. Сега тие конечно можат да го земат в раце новото, 35-то издание. И?

„Стилот на цртање е прилично добро направен, понекогаш е малку послаб, но сосема силно одговара на оригиналот“, вели Уве Вардер.

Asterix bei den Pikten
Фотографија: 2013 Les Éditions Albert René

Фановите како Уве Вардер оставија зад себе едно време на страдање - албумите од првобитниот цртач Алберт Удерзо во последно време се’ помалку воодушевуваа.

„Астерикс кај Пиктите“ (латински назив за домородно население во денешна Шкотска, н.з.) е само првото издание без Удерзо, а веќе е како во добрите стари времиња. Црн хумор, клишеа кои се сатиризирани, многу тепачки и Шкоти кои имаат свои „бубачки“ во глава.

„Шкотите за тоа нема да се смејат. Имено, зборував со Англичани за ’Астерикс со Англичаните’ и тие исто така не можеа да се смејат на тоа“, вели една повозрасна жена.

Asterix bei den Pikten
Фотографија: 2013 Les Éditions Albert René

Но, тие очигледно можат - најдовме Шкоти на кои новото издание сосема им се допаѓа.

„Внатре има се’ што човек може да очекува од Шкотска - гајди, здолништа, чудовиште и прастаро виски, што сметам дека е особено интересно“, вели Евен, фан на Астерик и Обеликс.

Единствените кои мораат и натаму да му ја мислат остануваат Римјаните!