1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радост кај Палестинците, гнев кај Израелците

АТ/ афп/ дпа12 август 2013

Во рамките на новите блискоисточни преговори, Израел одобри ослободување на првите 26 од планираните 104 долгогодишни затвореници - Палестинци. Потег кој предизвика поделени реакции.

https://p.dw.com/p/19O2q
Фотографија: picture-alliance/dpa

Израелската влада одобри ослободување на 26 палестински затвореници. Министерскиот одбор синоќа даде согласност, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Надлежните затворски власти на својата интернет страница ќе ги објават имињата на затворениците кои ќе бидат ослободени. 48 часа подоцна тие треба да бидат отпуштени од затвор. 14 од нив ќе бидат однесени во Појасот Газа додека 12 во Западниот брег, соопшти владата.

26-те Палестинци се првата група од вкупно 104 палестински долгогодишни затвореници, кои треба да бидат ослободени во рамките на новите блискоисточни преговори.

Ослободувањето на затворенициите предизвика големи емоции и кај Израелците и кај Палестинците.

Во Појасот Газа и на Западниот Брег луѓето веќе се подготвуваат за пречек на првите 26 затвореници. Во нивната татковина тие се сметаат за јунаци. Израелските роднини на жртви на тероризмот пак сакаат да спречат нивно ослободување пред суд. 20 лица во затвор беа поради убиство, останатите поради пружање помош при убиство. „Ослободување на убијците натамошно го поттикнува тероризмот“, вели Ави Бромбер. Неговиот чичко во 1980 беше застрелан од двајца Арапи.

Втората рунда преговори треба да почне во среда (14.08.). Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле при посетата на Израел вети германска поддршка за мировниот процес. Тој истовремено ги повика Израелците и Палестинците да бидат конструктивни при преговорите.