1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разбирање меѓу народите – на кинески

Естер Бродерс15 јули 2008

Кинеските власти вложуваат големи напори да го мобилизираат и домашното население во обидот да остават што е можно подобар впечаток врз гостите на Олимпијадата од целиот свет. Од тоа не се поштедени ни најмалите.

https://p.dw.com/p/Ecny
Целата нација ревносно вежба навивање - спроти Олимписките игриФотографија: Picture-alliance/dpa

Едно десетгодишно момче ја пее училишната химна и при тоа многу сконцентрирано покажува на нотите закачени на ѕидот. Тоа е химната на основното училиште Хуаѓиади во Пекинг. Веднаш по завршувањето на химната, младото момче оди кон следниот приказ на ѕидот, на кој се испишани четирите главни правила во училиштето, имено макотрпна работа, хармонија, практичен ангажман и иновативност.


Претстава за странските новинари


Публиката пред која се случува целата презентација се 19 странски новинари, кои беа поканети во училиштето за да ги видат достигнувањата на учениците. Тие пак даваат се’ од себе на странските новинари да им покажат што научиле во врска со Олимписките игри. Училиштето Хуаѓиади е едно од 200-те, кои се вклучени во меѓународната програма „од срце до срце“, во организација на Националниот олимписки комитет.


Вака звучи рекламниот спот за младинската програма „од срце до срце“, што започна цели 600 дена пред почетокот на Олимписките игри во Пекинг. Негова основна цел е да овозможи меѓусебно запознавање и размена меѓу учениците од партнерските училишта во Кина и во странство. Партнерското училиште за децата од Хуаѓиади се наоѓа во Јапонија. Тоа не ни малку едноствна ситуација, со оглед на непријателствата и војните што се водеа меѓу Кина и Јапонија во минатиот век.


Дијалог меѓу народите


На децата, кои пеат традиционални јапонски песни и изведуваат танци, секако дотерани во соодветни носии, не им се раскажува ништо за проблематичното минато. Тоа, според организаторите на програмата „од срце до срце“, би го пореметило зближувањето меѓу децата од двата народа.


Целта на целата подготовка е меѓутоа следната: учениците од Хуаѓиади училиштето треба да ги дочекаат јапонските спортисти во Олимпиското село и згора на тоа да навиваат за нив на спортските борилишта. Тоа на кинески значи разбирање меѓу народите.


„Верувам дека преку програмата ’од срце до срце’ научивме многу за други делови на светот и истовремено луѓето од други земји дознаа повеќе за Кина и за Пекинг. Преку тоа подобро се запознавме. Ајде сега заедно да ја испееме песната ’од срце до срце’ “ – порачува на крајот од претставата еден ученик од основното училиште Хуаѓиади од Пекинг.