1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Развојот на Дојче веле во неговите шест децении постоење

Ања Брокман / Александар Методијев14 мај 2013

„Hier ist die Deutsche Welle“, или во превод „Ова е Дојче веле“ - на 3 мај 1953 Дојче веле започнува да емитува програма од Келн.

https://p.dw.com/p/18U9L
Фотографија: My DW

Таа треба да биде мост за Германците во странство и осум години по крајот на Втората светска војна да ја промени сликата за Германија во светот. Кратко потоа Дојче веле не емитува само на германски...

Со изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961 година блоковите во Студената војна беа зацементирани. Дојче веле стана глас на слободниот свет, засилувајќи ја понудата за Источна Европа и Советскиот сојуз.

„Луѓето таму беа изолирани, не смееја да патуваат и живееја како под стаклено ѕвоно со постојан страв и напнатост и ги слушаа сите странски програми. Не само Дојче веле, туку сите странски медиуми, при што Дојче веле имаше извонреден углед“, објаснува Бото Кирш, одговорен уредник на руската програма од 1966 до 1994 година

Mitarbeiter der DW Haussa Redaktion Archivbild
Фотографија: H. Bogler

Во 1989 година - пресврт. Ѕидот падна. Со тоа и за Дојче веле започна нова ера, бидејќи ширум светот интересот за повторно обединување на Германија е голем.

Градоначалникот на Берлин Дипген во 1992 ја стартуваше ДВ-ТВ - телевизија за странство, која ја надополнува радиопрограмата.

Во 2001 повторно еден светски настан го промени Дојче веле - нападите од 11 септември. Одговорот на Западот беше војна во Авганистан. По нејзиниот крај Дојче веле ги поддржа медиумите на лице место и интензивно известуваше оттаму.

„Ако каде било имаше напад ние веднаш се упатувавме таму за да видиме што се случува. Најчесто беше така што кога имаше напад, веднаш следуваше и друг“, објаснува Бригита Шилке, репортер на Дојче веле.

Дојче веле го засили и својот дијалог со арапскиот свет, создавајќи арапска редакција и во телевизијата.

Дојче веле се’ повеќе станува мултимедијален. Преку социјалните медиуми содржините, како оние на фарси јазик, допираат до луѓето во чија татковина постои строга цензура. А, академијата на ДВ тренира новинари и го поддржува градењето на слободни медиуми ширум светот.

60 години Дојче веле - многу промени, но задачата остана - залагање за слободата на печатот и демократските вредности ширум светот.