1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Развојот на случајот со грабнатите Германци сериозен

1 февруари 2006

Грабнувачите на двајцата Германци киднапирани во Ирак поставија 72 часовен ултиматум. Во видео снимка што ја емитуваше арапската телевизија Ал Џезеира, тие се зајканија и со убиство доколку не се исполнат нивните политички барања. Во Берлин е зголемена загриженоста за германските инжинери.

https://p.dw.com/p/Ac9J
Штајнмајер информира за грабнатите
Штајнмајер информира за грабнатитеФотографија: AP

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер по седница на кабинетот истакна дека ситуацијата е сериозна.

„Сите сме трогнати и шокирани од сликите, кои стигнаа до нас преку видео снимката, емитувана синоќа на телевизиската станица Ал Џезеира. Тие повторно се сведоштво за нечовечко дело, кое го осудуваме. Уште еднаш аплираме до сторителите, да ги ослободат двајцата германски државјани, да се вратат кај нивните семејства, и се разбира го правиме она што е можно и неопходно за тие повторно да бидат слободни и здрави.“ рече министерот Штајнмајер, несакајќи да даде повеќе податоци за тоа до каде е истрагата и дали министерството за надворешни работи има контакт со грабнувачите

„Мораме да бидеме претпазливи. Ситуацијата според наша проценка се развива сериозно.“

Франк Валтер Штајнмајер се обидуваше во јавноста да емитува смиреност, но позади ѕидовите на министерството врие. Новата видео снимка, што ја емитуваше Ал Џезеира, предизвика аларм. Имено сцените делуваат многу по заканувачки отколку првите. Двајцата Германци, на кои очигледно на лицата им се гледа огромен страв, клечат молчечкум. Киднаперите се скритени зад мсаки и поставуваат рок од 72 часа. Доколку Германија до тогаш не ги исполни барањата инжинерите од Лајпциг ќе бидат убиени

„Знам дека во момнетов многумина сметаат кога почнуваат, и кога завршуваат 72 часа кои ги наведе Ал Џезеира. Сега не можам да се занимавам со тоа. Мораме да го сториме тоа, што е можно за заложниците повторно да бидат слободни. “

Ситуацијата е комплицирана бидејќи киднаперите очигледно не баарат откуп, како во случајот со Сузане Остхоф, туку тие имаат конкретни и сериозни барања до сојузната влада: Германија целосно да се повлече од Ирак, сите гермаснки фирми да го напуштат Ирак и да се затвори германската амбасада во Багдад.