1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Развој и пари: богатите богати – сиромашните...

19 октомври 2006

Во борбата против сиромаштијата и социјалната неразвиеност пшомага само радиклна промена на меѓународната финансиска архитектура. Оваа промена се бара во актуелниот извештај на развојно-политичката мрежа Сошал Воч Дојчланд во која членуваат повеќе од 20-сетина невладини организации. Авторите на извештајот се едиснтвени: мора да се мобилизираат повеќе пари за југот:

https://p.dw.com/p/AeKZ

Актуелната студија најнапред зборува за напредокот постигнат во многу земји во развој: зголемен е просечниот век на живеење, подобрена е ситуацијата во образованието, како и снабдувањето со чиста вода. Освен тоа рамноправноста меѓу жената и мажот во многу делови е подобрена, вели Клаус Хајдел од Сошал Воч Дојчланд. Но, тој уште подвлекува:

„И покрај напредокот се уште постојат 50 држави во кои повеќе од една третина од населението живее во апсолутна сиромаштија. Во 35 држави дури и преку 50 насто, а во 26 држави и преку 70 проценти. За одбележување е што битката против сидата во последните години одвај да оди напред„.

Само малку држави во последните 15 години можеле да ги зголемат издатоците за здравство и образование. Причина за тоа се големите долгови кои во повеќе од половината погодени земји не се намалени:

„Земјите со ниски приходи во 2003-тата платиле 35 милијарди долари за долговите, а имале приходи од само 27 милијарди. Африка јужно од Сахара мораше да посматра како планината долгови расте на 220 милијради долари, иако за добиените 320 милијарди заеми од 1970 година, платила 296 милијарди! Значи, и покрај враќањето, расте планината долгови. Со исклучок на три години, земјите во развој во последните 20 години морале да вратат повеќе пари за камати и казни, отколку што добиле како заем. Една четвртина од долговите се долгови на диктаторите и други нелегитимни долгови кои и денес ги оптоваруваат земјите. А,на секој долар што доаѓа во земјите во развој, доаѓаат 10 долари како бегство на капиталот„.

Со оглед на ваквите факти е неизбежно индустриските земји да стават на располагање повеќе пари за развојна соработка, иако само тоа не е доволно. Мора многу повеќе да се постават механизми за земјите во развој да имаат полза од сопствените ресурси. За тоа Јенс Мартенс од Глобал форум Јуроп вели:

„Итно е неопходна промена на перспективите во развојната политика. Долгорочно земјите од југот ќе можат да се ослободат од зависноста од богатите донатори ако владите приходите на државата можат да ги мобилизираат во сопствените земји, а тие се доволно големи за да се стават на располагање во јавните служби и услужни дејности. Во тоа не се вбројува само остврувањето на милениумските цели како образованието, здравството, исхраната, снабдувањето со вода и социјалната сигурност„.

Преполовувањето на сиромаштијата во светот до 2015 година е најважната милениумска цела на Обединетите нации. Сиромашните земји според извештајотнна Сошал Воч Дојчланд, можат малку да придонесат за тоа отколку што губат од јавните приходи. За тоа има повеќе причини: неефикасни даночни системи дополнително ослабени од корумпираните власти. Освен тоа, вели Мартенс:

„Често практикуваните даночни олеснувања за странските концерни, посебно трите илјади специјални економски зони во светот во кои не се почитуваат синдикалните права и еколошките закони. Конкурентската битка за странски инвестиции води кон даночна битка во светот од која профитираат транснационалните компании, а домашното население најчесто останува со празни раце. И тоа не важи само за населението во земјите во развој„.

Во сиромашните земји во 2003 година, уделот на државните приходи во вкупниот бруто-национален производ изнесуваше само 12 проценти. Просечното ниво во богатите земји изнесува скоро 26 проценти. Порамнувањето во ова подрачје на владите на земјите во развој би им донесло околу 140 милијарди долари во државните буџети. Ако се успее во целост сивата економија да се префрли во формалната економија, тогаш ќе се појави двојно поголема сума. Се разбира дека целосното префрлување е нереалистично, но и само делумната интеграција ќе донесе многу милијарди како дополнителни приходи. Подеднакво како и вистински сериозната битка против бегството на капиталот, вели Мартенс:

„Преку бегството на капиталот во даночните оази, според проценките на организацијата „Текс џастис нетворк„ владите во целиот свет се оштетени за 225 милијарди долари годишно. Околу 20 насто од нив отпаѓаат на земјите во развој. Тоа значи дека тие на ваков начин губат 50 милијарди годишно„.

Во извештајот на „Сошал Воч Дојчланд„ се формулирани некои од брарањата: поддршка на земјите во развој во изградбата праведни даночни системи, поефикасно оданочување и контрола на меѓународните концерни, закони за јавно пријавување на плаќањата, посено кај нафтата, земниот гас и рударството. Освен тоа, во времето на глобализацијата мораат да се глобализираат и даночните организации. Кога би се успеало да се реализира само дел од овие барања, смета Јенс Мартенс, би се постигнало многу: имено, би можеле да се остварат милениумските цели.