1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разлики кои спојуваат

2 септември 2009

26 млади од пет европски земји во Прилеп се дружат во рамките на проектот „Млади во акција“, финансиран од ЕК. Целта е: јакнење на интеркултурниот дијалог преку запознавање со разликите.

https://p.dw.com/p/JNX0
Младите од цел свет сакаат да ги запознаат другите културиФотографија: DW / Barbara Cöllen

Со вонвременската музика на шведската група Аба, чаша шпански пијалок сангрија , лутите македонски специјалитети или пикантните италијански тестенини, двасет и шест млади од пет европски земји ги учат меѓусебните разлики. Ги рушат бариерите, ги поминуваат границите без пасоши, единствената виза која им е потребна е нивната младост и желбата да се дружат меѓу себе. Десетдневното дружење е дел од проектот „Млади во акција“, кој го финасира Европската комисија. Целта е да се јакне интеркултурниот дијалог преку учење на разликите.

Не е важно кој од каде доаѓа

Токму тие разлики беа првите впечатоци на Софи Јохансон, која во Прилеп и во Македонија доаѓа првпат. Сака да научи многу за младите од другите земји, да се забавува и воопшто не и‘ е важно кој од каде доаѓа.

„Иако Шведска и Македонија се различни, сепак е интерсно да ја видиме и да ја доживеема разликата, начинот на кој се изградени куќите од камен, улиците и секако и времето. Сите заедно учиме и се забавуваме. Запознав многу пријатели од Србија, Шпанија , научив многу за човековите права за ксенофобијата и дискриминацијата“, вели Софи.

Интересите на младите од Шведска и Италија се различни, вели Пјеро Лоредан, но она што сепак ги поврзува е желбата да ги научат токму тие разлики:

„Ќе се вратам со искуства и импресии од нови земји, сум запознал нови луѓе, се обидуваме да ги доближиме културите и да учиме едни за други“.

Prilep, Mazedonien
ПрилепФотографија: Petar Stojanovski

Дружењето не познава старосни граници

Европската рамка е она што треба да ги соедини младите, старосната граница беше триесет години, но и со овој проект таа граница беше срушена. Беатрсе Војчински има педесет и две години, но овдека се чуствува многу млада и многу срекна.

„Многу сум среќна, покрај младите и јас и се чувствувам млада, ова е прекрасно искуство за мене. Овде ги презентиравме и нашите јадења - специјалното сирење од Галиција, морски плодови, прекрасната сангрија и турон- тврда алва со бадеми, а она што сакам посебно да го нагласам е дека донесовме и од нашата специјална овошна салата, која се вика Македонија.“

Младите од Србија, заради санкциите, немаа многу можност да патуваат низ Европа, вели Јарослав Томан од Србија:

„Сите сакаат да се забавуваат, сите сакаат се запознаваат едни со други, културите и обичаите се она што ги зближува тие народи, бидејки сепак ние живееме во една Европа, која еден ден треба да биде обединета и со тоа младите да имаат можности да комуницираат едни со други. Најпозитивно е тоа што некои предрасуди ќе се фрлат настрана. Младите не треба да се плашат од други култури и други нации.“

Сето она што младите ќе го научат за другите ќе го пренесат во петте скулптури. Шестата склуптура ќе ја преставува Европа, истакнува Александар Јованоски, координатор на прилепскиот Младински совет, кој го реализира проектот.

Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Жана Ацеска