1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Различни погледи за решавање на спорот со името

28 август 2008

Метју Нимиц наредната недела ќе излезе со нова верзија за компромис во грчко - македонскиот спор за името. На домашната политичка сцена се продлабочуваат разликите околу решавањето на спорот.

https://p.dw.com/p/F6DB
Од поранешните средби на државно - владиниот врв со посредникот Метју НимицФотографија: Macedonian Information Agency
Посредникот во грчко- македонскиот спор со името, Метју Нимиц, се очекува следната недела да излезе со нова верзија на компромисен предлог, со кој треба да се реши долгогодишниот проблем. Но, ситуацијата дополнително се отежнува со се‘ поголемите разлики меѓу македонскиот политички врв за начинот на решавање на спорот.