1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Размена на затвореници во Сирија

АТ/ дпа/ афп/ дапд9 јануари 2013

За првпат од почетокот на граѓанската војна во Сирија се извршува размена на затвореници меѓу бунтовниците и владата. Истовремено ситуацијата на населението е се’ полоша, а борбите продолжуваат.

https://p.dw.com/p/17GVY
Фотографија: picture alliance / dpa

Во Сирија започна голема размена на затвореници меѓу бунтовниците и владата. Сириските власти ослободуваат 2.130 цивили како замена за 48 киднапирани Иранци (на фотографијата на прилогот) од страна на бунтовниците, соопшти турската хуманитарна организација ИХХ. Според една турска новинска агенција размената ја иницирале Турција и Катар. Во меѓувреме во Дамаск се ослободени и првите затвореници, меѓу кои има и Турци. Исто така и иранската државна телевизија објави дека се ослободуваат затвореници. Потврда од страна на сириската влада се’ уште нема.

Бунтовничката група Ал Бараа ги киднапираше Иранците во август минатата година. Тие ги обвинуваат дека припаѓале на иранската револуционерна гарда и дека во земјата дошле за поддршка на претседателот на Сирија Башар ел Асад. Техеран го негираше ова, Иранците биле аџии, кои сакале да посетат шиитски свети места.

Ситуацијата на населението во Сирија е катастрофална. Околу еден милион Сиријци според наводи на ОН гладуваат. Борбите меѓу бунтовниците и трупите на претседателот Асад продолжуваат. При воздушни напади во близина на Хомс убиени биле десет луѓе меѓу нив четири деца. Бомбашки напади имаше и во Алепо и главниот град Дамаск. Во граѓанската војна во Сирија досега загинаа 60.000 луѓе, проценуваат ОН.