1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Размусен повторнто победник на изборите во Данска

14 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CDh3

Партиите на централно десничарската влада на Данска, трет пат по ред победија на парламентарните избори во земјата. Најсилна партија повторно е либералната партија на премиерот Андреас Фог Размусен со освоени 26,3 проценти од гласовите. Опозиционите социјалдемократи освоија 25,5 насто. Опозицијата вкупно освои 81 место во парламентот. Трите владеачки партии го изгубија апсолутното мнозинство и заедно имаа 89 мандати во парламентот наместо досегашните 94. Можна поддшка за новата влада може да дојде од редовите на Новата Алијанса, партија основана од Насер Кадер, доселеник од Сирија во Данска.