1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разочарувачки исход од разговорите за иранската атомска програма

ЖА/дпа/миа9 јуни 2012

Петтиот круг од разговорите меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија и Иран околу инспекциите во ирански нуклеарни објекти заврши разочарувачки во Виена, изјави шефот на инспекторите на МААЕ Херман Накертс.

https://p.dw.com/p/15BDa
Фотографија: AP

„Не постигнавме напредок. Тоа е она што е разочарувачки, изјави Накертс по крајот на разговорите. Тој појасни дека нема закажан нов датум за преговори.

Двете страни не постигнаа напредок за финализирање зделка за попрецизна инспекција за иранската нуклеарна програма.

МААЕ сака да склучи со Иран договор со кој ќе обезбеди поголем пристап на инспектори на Агенцијата до сите ирански нуклеарни објекти, до сите луѓе вклучени во иранската нуклеарна програма и до сите документи кои ќе помогнат да се знае за природата на таа програма.

МААЕ бара повеќе нејзини инспектори да добија пристап до воениот објект во Паршин. Агенцијата се сомнева дека Техеран таму извршува тестови кои може да се извршат и за нуклеарно оружје. МААЕ сега се сомнева дека иранските власти го чистат сега тој објект имајќи предвид сателитски снимки со кои располагаат во Агенцијата. Иранскиот амбсадор во Виена Али Ашгар Солтание изјави дека пристапот до иранските објекти, до документите и до експертите, е комплексно прашање и ќе одземе повеќе време.