1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракомет: Германија не е фаворит

ЕМФ/ард20 јануари 2013

Тренерот на германската ракометна репрезентација Мартин Хојбергер оценува дека натпреварот против Македонија ќе биде тежок, и покрај еуфоричната победа на Германците против Французите во групната фаза.

https://p.dw.com/p/17NoN
Фотографија: dapd

„Не го гледам нашиот тим како фаворит против Македонија“, вели тренерот на германските ракометари Мартин Хојбергер (фото горе), а пренесува првата германска телевизија АРД.

Во особено сеќавање на Германците е натпреварот против Македонија на Европското првенство во Србија, кога беше извојувана победа од само еден гол разлика 24:23.

„Би бил среќен кога и овој натпревар би завршил така“, нагласува Мартин Хојбергер, за кого тогаш натпреаврот во Ниш беше првиот голем тест како национален тренер на меѓународна сцена. На Европското првенство Македонија заврши на петтото место и беше за две места подобра од Германија.

Германскиот противник - Македонија, има добри играчи, во тоа нема дилема, анализира првата германска телевизија АРД, но додава дека со добра игра како против Франција, репрезентацијата на Германија би требало да победи.