1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рама одби да го уништува сириското хемиско оружје

Б. Георгиевски/дв15 ноември 2013

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва соопшти дека не го прифаќа барањето на САД во неговата земја да бидат уништени околу илјада тони хемиско оружје од Сирија.

https://p.dw.com/p/1AIYQ
Фотографија: Arben Muka

Во телевизиско обраќање до нацијата, социјалистичкиот премиер Еди Рама соопшти дека официјална Тирана не го прифаќа барањето на САД на нејзина територија да биде уништено хемиското оружје од Сирија.

Се работи за околу илјада тони хемиски отрови, кои меѓународните инспектори ги идентификуваа и запленија од режимот на Башар ал-Асад во Сирија.

„За Албанија е невозможно да биде дел од оваа операција“, соопшти Еди Рама.

По најавата дека албанската влада размислува да го прифати барањето за уништување на хемикалиите, неколку дена по ред во главниот град Тирана и во други градови беа организирани масовни демонстрации на граѓаните. Демонстрантите се спротивставија на идејата, стравувајќи дека хемикалиите би можеле да имаат катастрофални последици врз животната околина во Албанија.

Во јавноста се шпекулираше дека Албанија добила ветувања од САД за политичка поддршка и финансиска помош доколку го прифати барањето, но нема никаква официјална потврда на таквите информации.