1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Рамковниот договор“ – сите бараат свое парче

Свето Тоевски26 ноември 2008

Владиниот Секретаријат за спроведување на „Рамковниот договор“ забележа напредок во регулирањето на употребата на албанскиот јазик, но експертите имаат и забелешки: бараат заштита на правата за сите етникуми.

https://p.dw.com/p/Fzwc
Напори за рамноправност на етничките заеднициФотографија: Petar Stojanovski

Првите сто дена од активностите на владиниот секретаријат за примената на „Рамковниот договор“ беа исполнети со заокружување на законскиот сегмент што ги третира прашањата на рамниоправноста меѓу етничките заедници“ – истакна деновиве вицепремиерот задолжен за „Рамковниот договор“, Абдулаќим Адеми.

На официјалната интернет страница на Демократската унија за интеграција и во медиумите се пренесува оценката на Адеми, дека споменатиот секретаријат издејствувал вработување на 240, лица во државната администрација, најголем дел од нив Албанци. Сега е во тек вториот оглас за вработување на уште 330 административци од албанската етничка заедница.

Tetovo,eine Stadt in Mazedonien,Panorama
Општа грижа за граѓанитеФотографија: AP

Оценки на експертите за ситуацијата во Тетовско

Професорот од ФОН Универзитетот во Скопје Осман Кадриу смета:„Законот – каков што е, таков е – и уставната одредба, која се однесува на албанскиот јазик, како втор службен на државно рамниште, се‘уште не се применува“.

Љатиф Алили, координатор на советничката група на ДПА во Советот на општина Тетово, вели дека „Рамковниот договор е присутен тероретски, а во праксата се пименува сосема малку, Причината се албанските партии, кои кога доаѓаат на власт секоја носи своја различна програма во врска со примената на овој акт“. Алили подвелкува дека се објавуваат конкурси за примање на луѓе, но само мал дел од нив се вклучуваат директно во работата на теренот. Тие се запоставени а дел од нив се под притисок да се откажат од работата“.

„Рамковен договор“ и за граѓаните што се малцинство во регионите

Во Македонија живеат повеќе етникуми, потребен е правен и политички механизам за заштита на правата и интересите на сите нивни припадници, без разлика дали станува збор за малцинство на ниво на државатаили во одделен регион. Драган Давидовски, советник во тетовскиот Комунален совет, укажува дека на локално ниво нема ниту еден функционер од македонска националност.

Аднан Нухи од турската етничка заедница, кој е претседател на Комисијата за меѓуетнички односи на општина Тетово, посочува: „Во сите општини не би требало да се става таков квантум дека каде што има повеќе од 20 проценти од некоја заедница, туку би требало и еден да е, без разлика од која заедница, оти треба и неговиот збор да дојде до израз“.

Советникот Давидовски изнесува конкретен предлог: „ Она што е фундамент и суштина на Охридскиот договор да се преслика на локално ниво, за да може праведно да бидат застапени и заштитени сите останати заедници.

Проширување на механизмите од Рамковниот договор

Професорката по политички науки од Штуловиот универзитет во Тетово, Мирјана Малеска нагласува: „Преку Рамковниот договор, практично, се внесоа одредени механизм. Еден од нив е и оној за заштита на малцинските заедници во општините од надгласување, но тој се однесува на многу тесен круг прашања. Малеска смета дека некои механизми постојат, но истовремено треба да се размисли за потребата од нивно засилување и проширување.

Професорот Осман Кадриу со следното резиме: „Не треба да се сфати дека во нашата држава со Рамковниот договор, или со уставните измени, треба да се обезбеди соодветна застапеност само за Албанците, на пример. Државата мора да води грижа за сите нејзини граѓани“.

Македонската мултиетничност, несомнено, бара форсиран напор за подобрување на статусот на Албанците, но, напоредно со тоа и соодветно, универзално третирање, а не еднонационални, или бинационални шеми во грижата за правата на граѓанинот.